Средните црни дупки клуч за научните сознанија за супермасивите

Астрономите од Институтот „Макс Планк“ во Германија имаат нови сознанија за ѕвезденото јато Омега Кентаур, за коешто се тврди дека е дел од релативно помала галаксија што била проголтана од Млечниот Пат пред 8 - 10 милијарди години.



Омега Кентаур содржи околу 10 милиони ѕвезди, но откриено е и нешто неочекувано во средината на ова ѕвездено јато. Имено, необичното движење на седум ѕвезди во него укажува на убедлив доказ за присуството на црна дупка со средна големина во средиштето на јатото. Црната дупка е најмалку 8.200 пати помасивна од нашето Сонце, според научниците. Таа, инаку, е поголема од обичните црни дупки создадени при имплозија на една ѕвезда, но помала од „бехемотите“ коишто се наоѓаат во јадрото на повеќето галаксии.

- Има долга дебата за тоа дали воопшто има црни дупки со средна маса, а особено во јатото Омега Кентаур. Ова наше откритие може да помогне да се реши таа дебата, вели астрономот Максимилијан Хеберле, главен автор на научниот труд објавен во списанието ,,Nature”.

Оваа црна дупка се наоѓа на околу 17.700 светлосни години од Земјата (светлосна година е растојанието што светлината го минува за една година - 9,5 трилиони километри).

Црните дупки се екстремно густи вселенски тела со многу силна гравитација од којашто дури и светлината не може да избега, а тоа го отежнува научното набљудување со вселенскиот телескоп „Хабл“. Единствената позната поголема црна дупка во Млечниот Пат е Стрелец А - оддалечена околу 26.700 светлосни години од Земјата.

Истражувачите веруваат дека помалата галаксија што можеби била до 10 пати помала од Млечниот Пат, содржела средна црна дупка којашто веројатно би станала супермасивна ако се хранела со гас и други материи привлечени од нејзината гравитација. Но, галактичкото спојување што се случило кога Млечниот Пат бил на околу четвртина или третина од неговата сегашна старост, ја оставило таа црна дупка „замрзната во времето“ во однос на нејзиното зголемување.

- Во овој процес на спојување, галаксијата го изгубила целиот свој гас и затоа растот на нејзината средишна црна дупка запрел, оставајќи ја во состојба со средна маса, појасни Надин Нојмаер, астроном од „Макс Планк“ и со-автор на истражувањето.

Спојувањето ги отстранило повеќето од ѕвездите на помалата галаксија, оставајќи го само централниот дел - она што сега е ѕвезденото јато Омега Кентаур.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оди Трпе кај селскиот поп со намера да се исповеда за гревовите и му вели:
- Прости ми попе, сум грешел.
- Каква мака имаш синко -
му вели попот на Трпе
- Ја изневерив жена...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1943.- Радио Алжир ја објави капитулацијата на...
1943.- Ослободен е Дебар.
1944.- Ослободени се Пробиштип и Крушево.
1949.- Умре Рихард Штраус, германски композитор...