НАСА испраќа летало до месечината на Јупитер

Американската Национална воздухопловно-вселенска администрација - НАСА работи на последните подготвки за лансирање вселенско летало до Јупитеровата месечина Европа, којашто се смета за една од најперспективните точки во нашиот Сончев Систем, во потрагата по живот вон Земјата. Се работи за обид да се открие дали овој природен сателит на Јупитер, составен од огромен океан и мраз над него - е погоден за живеење?



Роботичкото вселенско летало на НАСА - „Европа Клипер“ (Europa Clipper) коешто се движи на сончев погон, ќе полета ракета „Фалкон хеви“ на „Спејс-Икс“ од вселенскиот центар „Кенеди“ во Кејп Канаверал, Флорида, САД. Ќе содржи девет научни инструменти. По патот од 2,9 милијарди километри леталото треба да влезе во орбитата на Јупитер во 2030 година.

По доцнењето предизвикано од ураганот Милтон, НАСА го закажа пробното лансирање за денес, понеделник, во 12:06 часот по локално време (18:06 ч. по македонско време).

- Имаме прилично убедливи докази дека на Европа е можен живот, но мораме да одиме таму за да се увериме самите во тоа. Би сакала само да го истакнам следното: Не тргнуваме во мисија за откривање живот, туку само бараме услови за живот!, изјави Бони Бурати од Лабораторијата за млазен погон на НАСА, која е заменичка-научник за проектот на мисијата.

„Европа Клипер“ е најголемото вселенско летало што НАСА некогаш го изградила за една меѓупланетарна мисија. Долг е околу 30,5 метри, широк 17,6 метри и тежок 6.000 кг. Тој, притоа, е поголем од кошаркарско игралиште, имајќи ги предвид и неговите масивни плочи за собирање Сончева светлина што ги напојуваат научните инструменти, електрониката и другите системи. Во период од три години, НАСА планира да направи 49 доближувања до Европа со своето вселенско летало. Тоа претходно треба да прелета и покрај Марс, а назад на Земјата ќе се враќа користејќи ја гравитацијата на секоја планета.

Научниците поставија три главни цели за оваа мисија: Мерење на надворешната ледена покривка на сателитот Европа и нејзиниот сооднос со потповршината, потоа - одредување на составот на месечината и на нејзината геологија.

- Како „океански свет“, Европа е многу интригантна за нас, и оваа мисија ќе ни помогне да разбереме сложен дел од нашиот Сончев систем“, рече Џина Дибрачо, в.д. директор на Одделот за планетарна наука на НАСА. - „Клипер“ ќе биде првата мисија од ваков вид што ќе ни овозможи да ја карактеризираме погодноста за живот (виреење) на она што може да се смета за најчест вид населен свет во нашиот универзум, додаде таа.

И покрај непогодното и студено, скоро „непријателско“ опкружување, научниците веруваат дека Европа би можела има одредени услови за живот. Бурати потсетува дека постојат три основни услови: Течна вода, одреден вид хемиски и органски соединенија кои би можеле да послужат како основа или „храна“ за секој примитивен организам и, конечно - извори на енергија.

Дијаметарот на месечината Европа кај екваторот е околу 3.100 км, што е приближно 90 отсто од дијаметарот на нашата Месечина. Се верува дека ледената покривка на Европа е дебела меѓу 15 и 25 км и се наоѓа над огромен и течен, а веројатно и солен океан - длабок меѓу 60 и 150 километри. Така, иако Европа е само само една четвртина од дијаметарот на Земјата, нејзиниот океан може да содржи двојно повеќе вода од сите океани на Земјата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Како се викаат свекор и свекрва?
- Шап и лигавка!
А снаа?
- Луда крава!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1118.- Роден е кентерберјскиот надбискуп Томас...
1375.- Умре Џовани Бокачо, славен италијански...
1639.- Роден е Жан Расин, француски поет и...
1781.- „Патентот за толеранција“ кој го изработи...