Вселенското летало на НАСА „го допре Сонцето“ во историски моментот за човештвото.
Соларната сонда Паркер на НАСА се доближи на само 6,1 милиони километри од површината на Сонцето и постави нов светски рекорд.
Во еден од најимпресивните подвизи за човештвото во истражување на вселената, леталото на НАСА - не поголемо од мал автомобил - стана првиот објект направен од човек што толку близу се приближил до Сонцето. Ова воедно е и најблискиот контакт на човештвото со ѕвезда, како и најбрзиот објект направен од човек што го соборил сопствениот рекорд.
Овој монументален подвиг на истражување се случи во 11:53 UTC (6:53 часот по EST) во вторник, 24 декември, додека Паркер спроведе невидено блиско прелетување покрај Сонцето, достигнувајќи само 6,1 милиони километри од неговата површина. Тоа беше неговото 22-ро приближување до Сонцето.
Д-р Нур Рауафи, научник на проектот во лабораторијата за применета физика Џон Хопкинс, го поистоветува значењето на оваа мисија со слетувањето на Месечината во 1969 година.
-Тоа е моментот што го чекавме скоро 60 години, рече тој за време на тркалезната маса за медиуми на Американската геофизичка унија.
-Топлината на која Паркер е подложен кога е најблиску до Сонцето е „речиси 500 пати од најтоплиот летен ден на Земјата, рече Рауафи.
Паркер веќе беше најбрзиот објект некогаш изграден на Земјата, но како што ќе дојде до својата најблиска точка до Сонцето, ќе биде уште еден чекор понапред развивајќи брзина од 690.000 км на час, соборувајќи ги своите рекорди за брзина и растојание. Според веб-страницата на мисијата, тоа е доволно брзо за да се стигне од Филаделфија до Вашингтон, за една секунда.
Операторите на мисијата во лабораторијата за применета физика Џонс Хопкинс во Лорел, Мериленд, ќе го изгубат контактот со сондата три дена и ќе чекаат сигнал од неа на 27 декември, што ќе ја потврди нејзината успешна мисија.