Астронаути се вратија дома по непланиран деветмесечен престој во Вселената

Санита - Сани Вилијамс и Бери - Буч Вилмор официјално се дома. Американските астронаути безбедно се вратија на Земјата, - на 18 март, по продолжениот деветмесечен престој во Вселената.

Нивното патување назад доаѓа откако заедничка екипа на НАСА и „Спејс-Икс“ однесе четворица нови астронаути - две жени од Соединетите Американски Држави, и по еден космонаут од Јапонија и Русија, на Меѓународната вселенска станица на 16 март, за да ги заменат двајцата што заминуваа.



Сани (59) и Буч (62) се качија на капсулата „Драгон“ (Dragon), и ракетата „Кру-10“ (Crew Dragon) на „Спејс-Икс“ (SpaceX), заедно со другиот астронаут на НАСА Ник Хејг и рускиот космонаут Александар Горбунов, и слетаа во водата близу брегот на Флорида, по нивното 17-часовно патување.

Вилмор и Вилијамс отидоа на МВС лани во јуни - како прв екипаж на вселенското летало „Боинг старлајнер“, и како дел од првично предвидената осумдневна пробна мисија. Но, поради технички проблеми со нивното вселенско летало, нивната мисија на МВС беше продолжена и тие останаа таму девет месеци. Следат медицински прегледи пред на вратените космонаути да им биде дозволено да се вратат и кај своите семејства.

Во мигов, на МВС се на должност Американецот Дон Петит, Русите Алексеј Овчанин и Иван Вагнер, како и новодојдените со „Кру-10“ - Ен Мекклејн, Никол Ејерс, Кирил Песков и Такуја Ониши.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Разговараат двајца средовечни, женети мажи:
- Колку брзо лета времето.
- Да бе. Ќе спиеш пет пати со жената и поминала годината.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Роден е францускиот крал Анри Втори, татко...
1563.- Со мировен договор во Амбоаза заврши...
1628.- Англичаните во Америка ја основаа...
1629.- Роден е рускиот цар Алексеј Михајлович...