Камерите забележаа необично летало над Олимпискиот стадион во Лондон за време на отворањето на Олимписките игри.
Дали вонземјаните одлучиле да се приклучат на прославата, или само ги следат навиките на Земјаните, можеби никогаш нема да дознаеме.
Мистериозниот објект пролета над Олимпискиот стадион во Лондон токму во моментот на големиот огномет.
Додека се уште се чека на официјалниот став на британската управа за цивилен воздушен простор, многумина се убедени дека „малите зелени“ вонземјани го посетиле овој историскиот настан.
Други пак тврдат дека станува збор за необично летало кое изгледа на цепелин, но поради стадионските светла изгледа поинаку од обично.