Повеќе од 70 милиони веб сајтови се направени во WordPress и секоја недела се прават нови 100 000 сајтови на оваа платформа, така барем вели импресивната статистика денес.
Заклучокот е следен: повеќе од половина од сите веб сајтови кои користат некоја од познатите веб платформи се токму WordPress сајтови.
Од појавувањето на платформата наменета за блогери па се до моментот кога мултинаменските сајтови на големите брендови почнаа да користат WordPress (NASA, CNN, Samsung, eBay, Forbes, IBM итн.) оваа платформа стекна доверба поради својата едноставност, функционалност и поддршка за корисниците. Она што денес повеќето од нас го знаат е дека не постои полесен начин да се креира квалитетен веб сајт.
Оваа платформа постои повеќе од 10 години, а денес собира голема заедница која секојдневно расте.
Повеќе од 20 илјади луѓе ширум светот денес ја градат својата кариера и професионално се занимаваат со WordPress, без разлика дали креираат нови теми кои ги продаваат, дали ги развиваат и прилагодуваат посточките теми за конкретни потреби на сајтови или се занимаваат со администрација на овие сајтови.
Дали е оваа професија која ветува, покажува статистиката од Elance, сајт за фриленс работа, според кој најмногу се бараат WordPress експерти.
Зошто WordPress е добра и барана платформа на пазарот?
1. Има голем број на корисници (според податоците има 74,6 милиони веб сајтови ширум светот на оваа платформа).
2. Тој е „open source“ платформа, што значи дека софтверот е бесплатен и целосно отворен.
3. Едноставен е за управување со содржината, што значи не ви е потребно големо предзнаење за да управувате со мултимедијалните содржини.
4. Има голем број на додатоци и можности.
Ова се само дел од предностите на оваа платформа, а дека WordPress оди во нагорна линија говори и фактот дека најквалитетните теми се превземаат и илјадници пати, а нивните сопственици заработуваат од секое преземање, Еднаш направена тема може многу долго да носи пари, а просечната тема чини околу 50 долари.