Погледнете ја круната на Чарлс III во вашата дневна соба

Милиони Британци за помалку од десет дена ќе бидат сведоци на мигот кога кралот Чарлс III ќе биде крунисан во Вестминстерската опатија.



До тогаш, најљубопитните можа да ја погледнат круната на Свети Едвард - или барем убедлива виртуелна реплика од неа.

Новото искуство создадено со помош на проширена реалност прикажува дигитален близнак на круната и го комбинира со вашата реална околина. Со помош на паметен телефон или таблет, можете да погледнете одблизу во златото, дијамантите и скапоцените камења на изработката од 17 век.

Вистинската круна на Свети Едвард, е направена пред повеќе од 360 години за крунисувањето на Чарлс II. Со дозвола од кралското семејство, британската продукциска компанија Атлантик продукција успеа да сними дигитален близнак од круната во размер 1:1.

-Очите на светот ќе бидат вперени во Лондон за крунисувањето на Чарлс III. Кралското семејство дозволи објект централен за крунисувањето да биде доставен преку проширена реалност во секој дом што има пристап до паметен телефон или таблет, изјави Ентони Гефен, извршен директор и креативен директор на Атлантик продукција.

За да го активираат искуството, кралските обожаватели треба само да ја посетат оваа веб-страница на паметен телефон и да ја постават круната на „несјајна површина“.

Доколку пристапуваат од лаптоп или таблет, повторно треба да ја посетат истата веб-страница и да го скенираат QR-кодот со паметен телефон.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

- Како да направите вашата жена да вика додека имате секс?
- Јавете и се по телефон... каде и да сте.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1809.- Во Хамбург е роден Феликс Манделсон -...
1867.- Принцот Муцухито на 14-годишна возраст...
1909.- Роден е францускиот филмски режисер Андре...
1915.- Потпомогната со германска и...