Девојката која не постои ја објави својата прва песна

Виртуелниот ентитет Ана Индијана на својот простор на социјалната мрежа „X“ ја објави својата прва песна. Видеото трае 3,5 минути.

Инаку, иницијалите на оваа „девојка“ - АИ, го означуваат нејзиното потекло: и Ана и нејзината музика се целосно производ на вештачката интелигенција, којашто и натаму предизвикува загриженост во полето на уметноста. ВИ-уметницата во описот на своето музичко дело објаснува:

-Здраво свету! Јас сум Ана Индијана и сум пејачка и текстописец со ВИ. Еве ја мојата прва песна 'Betrayed by this Town'. Сè во неа - тон, темпо, акорди, ноти, мелодија, ритам, текст, мојата слика и пеењето се автоматски генерирани од ВИ. Се надевам, ќе ви се допадне.

Песната е поп-балада, а стиховите се за тоа како девојки седат во кафуле, пијат чај и разговарат за мажите кои ги предале. Но, луѓето засега не се многу воодушевени од песната, како ниту од идејата да се користи ВИ наместо човечка креативност во уметноста.

-Убава демонстрација за тоа како би звучела музиката доколку се отстранат сета креативност и страст. Сигурен сум дека мојата микробранова печка ќе го слуша ова; „Никој во светот не ја сака оваа технологија. Користете ВИ за да си ја олесните работата, а не да ги уништувате работите во коишто уживаме“; „Ова е ѓубре“ - гласат дел од критиките.

И музичарот Џејмс Блејк се надоврза со подбивен коментар: „Ова ме доведе до солзи. Многу сум возбуден за иднината“...

Не е јасно кој стои зад создавањето на овој ВИ-ентитет, но има и позитивни видувања. „Колку кусогледи коментари. 'Чет-ГПТ' се појави само пред една година. Вратете се овде една година назад“, додаде некој.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оди Трпе кај селскиот поп со намера да се исповеда за гревовите и му вели:
- Прости ми попе, сум грешел.
- Каква мака имаш синко -
му вели попот на Трпе
- Ја изневерив жена...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1943.- Радио Алжир ја објави капитулацијата на...
1943.- Ослободен е Дебар.
1944.- Ослободени се Пробиштип и Крушево.
1949.- Умре Рихард Штраус, германски композитор...