Моделот „плати или гледај“ на „Мета“ не е во согласност со Законот за дигитални пазари

Европската комисија соопшти дека ја информирала „Мета“ дека според нејзините прелиминарни наоди во рамки на истрагата започната на 25 март годинава, моделот за рекламирање „плаќај или гледај“ што го практикува компанијата не е во согласност со Законот за дигитални пазари на ЕУ (ДМА).

Комисијата оцени дека моделот на „Мета“ ги принудува корисниците да се согласат на користење на нивните лични податоци преку „нивните услуги и услуги од трети страни за да обезбеди онлајн рекламирање“.

Според ЕК, моделот „плаќај или гледај“ ги принудува корисниците да бираат меѓу две опции – да плаќаат месечна претплата за користење на верзија без реклами на социјалните мрежи на „Мета“ или да имаат бесплатен пристап до верзија на социјалните мрежи со персонализирани реклами.

Согласно член 5 став 2 од ДМА, големите онлајн компании, кои имаат статус на „чуварите на портата“, меѓу кои е и „Мета“, мора да бараат согласност од корисниците за користење на нивните лични податоци за да може да ги користат услугите на основната платформа, а доколку корисникот одбие да даде таква согласност треба да има пристап до помалку персонализирана, но еквивалентна алтернатива.

Комисијата смета дека моделот „плати или гледај“ на „Мета“ не е во согласност со овој член од Законот, бидејќи не им дозволува на корисниците да се одлучат за услуга што користи помалку од нивните лични податоци, која би била еквивалентна на услугата базирана на „персонализирани реклами“ и им оневозможува да го остварат своето право на слободна согласност за користење на нивните лични податоци.

За да се обезбеди усогласеност со ДМА, според Комисијата, „Мета“ треба да им овозможи на корисниците кои не се согласуваат со користење на нивните лични податоци, сепак да имаат пристап до еквивалентна услуга која користи помалку лични податоци за персонализација на рекламирањето.

„Мета“ сега има право да достави писмен одговор на наводите од прелиминарните наоди на Комисијата. ЕК, пак, треба да ја заврши истрагата во рок од 12 месеци од нејзиното отворање, односно до март следната година.

Доколку истрагата ги потврди прелиминарните наоди за неусогласеност на моделот со член 5 став 2 од ДМА, Еврокомисијата може да и изрече парична казна на „Мета“ во износ до 10 отсто од нејзиниот вкупен промет на глобално ниво. Доколку, прекршокот се повтори таа казна може да достигнат и до 20 отсто од глобалниот промет, а во случај на систематска неусогласеност, ЕК е овластена да изрече дополнителни правни лекови, меѓу кои и обврска за компанијата да го продаде својот бизнис или делови од него или да и забрани воведување дополнителни услуги.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

- Зошто сексот е сличен со бриџ?
- Не ти треба партнер ако имаш добра рака.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1883.- Во Прага е роден Франц Кавка, австриски...
1894.- Француските трупи и покрај херојскиот...
1949.- Во Скопје, во Македонскиот народен театар...
1962.- По 132 години француска колонијална...