Македонски Телеком повторно ја освои престижната Ookla® награда за најдобра мрежа

И оваа година Македонски Телеком ја доби престижната Ookla® награда за најдобра мрежа. Резултатите покажуваат најголема брзина на мобилната и на фиксната мрежа и најдобар квалитет на мобилната мрежа во првата половина на 2024 година*.



Ookla® е светски лидер во анализа и тестирање на квалитетот и брзината на мрежата, а наградите Speedtest AwardsTM се резултат на длабинско шестмесечно истражување и анализа на тестови иницирани од корисниците, коишто се потврдуваат со апликациите на Speedtest®.

За брзината на мрежата, направени се 160.564 тестови за мобилната и 948.686 за фиксната мрежа. Податоците покажуваат дека и мобилната и фиксната мрежа на Македонски Телеком се најбрзи на пазарот во споредба со конкуренцијата со резултат Speed ScoreTM од 148.78 за мобилната мрежа и Speed ScoreTM од 52.77 за фиксната мрежа.

„Горди сме што повторно ја добивме оваа награда. Оваа година мерењата на Ookla® потврдија најголеми брзини на нашата фиксна и мобилна мрежа. Ова е потврда дека нашата стратегија и технолошкото визионерство се препознаени. Развојот и инвестициите во мрежата и во новите технологии се наша примарна стратегија, а нашиот мотив е да им обезбедиме на корисниците врвни услуги и постојана поврзаност секогаш и секаде. Ова е и признание за нашиот тим којшто неуморно работи на развојот на мрежата. Ќе продолжиме со силен фокус на квалитетот и стабилноста на нашата инфраструктура, којашто е основа на дигиталната трансформација и предуслов за услуги според потребите на корисниците.“ – истакна Маја Милосавлевска Наумовска, Главен директор за техника и ИТ.

Ова е второ признание за перформансите на мрежата на Македонски Телеком оваа година. Според мерењата на квалитетот на мобилните мрежи на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК), мрежата на Македонски Телеком е на прво место со 637,7 поени, што е највисок резултат во Македонија.

Супериорноста на мрежата на Македонски Телеком е резултат на долгорочно и стратешко инвестирање, пионерски подвизи за ширење и модернизација на мобилната и фиксната мрежа. Нашата 5G мрежа продолжува да се шири и е достапна за 92% од населението во Македонија со гигабитни брзини во речиси сите градови во државата. Бројките го потврдуваат лидерството и во делот на оптичката инфраструктура, којашто интензивно се шири. Телеком има речиси 3 пати повеќе домаќинства покриени со оптичка инфраструктура во споредба со сите останати оператори на пазарот заедно, односно 330 илјади пристапи до оптика, што е за 13,9% повеќе споредено со истиот период од претходната година.

Повеќе информации за мерењата на: North Macedonia – 2024 Speedtest Awards



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Дечко видел постара двојка во Мекдоналдс со само еден оброк пред нив и две чаши. Тогаш забележал како мажот полека и внимателно го поделил сендвичот на пола и една половина...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенцијата на дежурните екипи на ЈП Македонија пат....
Верски календар
На денешен ден
69.- На Римскиот форум побунетите преторијанци го...
1535.- Англискиот крал Хенри Осми ја зеде...
1559.- Елизабета Тудор, ќерка на Хенри Осми и...
1582.- Со посредство на папата Григур Осми, кој...