Еко-акција на Телеком за собирање стари електронски уреди

Македонски Телеком го одбележува Денот на планетата земја, со еко активности за собирање стари уреди, коишто имаат за цел заштеда на природните ресурси и намалување на електронскиот отпад.

Акција Еко попуст



Продолжува акцијата за собирање стари уреди, со уште поголеми поволности за корисниците. Отсега еко попустот за T Phone, кој изнесува 3000 денари ќе биде активен во текот на целата година. Проширена е и палетата на стари уреди за кои се добива попуст и освен телефони, корисниците ќе може да остават: слушалки, таблети, паметни часовници, полначи.

Оваа акција во која корисниците дирекно придонесуваат, почна пред неколку години и досега се собрани над 40 000 стари мобилни уреди кои се рециклираат во партнерство со „Нула Отпад“.

Иницијативата Еко-попуст го носи печатот за квалитет, одговорност и одржливост #GreenMagenta, кој го доделува Дојче Телеком за исклучителни еко - иницијативи од целата групација.

Акција во училишта и градинки



Во соработка со „Нула Отпад“ се организира и акција за собирање стари уреди во повеќе училишта и градинки во Скопје. Акцијата се одвива во текот на април 2025 година, а одделенијата и градинките коишто ќе соберат најмногу електронски отпад добиваат подарок – прочистувач за воздух. Оваа акција има едукативна цел, но го поттикнува и натпреварувачкиот дух и работењето во група кај децата и младите.



Македонски Телеком се залага за намалување на негативното влијание врз природата, со особен акцент на циркуларната економија и има одговорност да направи вистинска разлика за поздрава животна средина.

Повеќе за Еко попуст на: www.telekom.mk



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Мало девојче и мајка и се во црква:
- Мамо, мене ми се лоши, ајде да си одиме дома.
- Не може сега, на сред служба сме.
- Ама ми се повраќа!
- Ако ти се повраќа, излези...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...