Црквата Канео и Охридското Езеро за прв се најдоа на насловната страница на познатиот интернет пребарувач Bing.
Сите интернет корисници во светот кои ќе го посетат Bing ќе ја видат прекрасната фотографија од охридската црква Канео, а во нејзината позадина се гледа едно од најубавите езера во светот.
Ова е втор пат Македонија да се најде на насловната на интернет пребарувачот на Microsoft, првиот пат нашата земја беше претставена минатата година преку Дебарското Езеро.