Од 1-ви јануари ќе се наплатува Google Maps

Корисниците кои поставуваат линкови од сервисот Google Maps на своите веб сајтови во иднина ќе мораат да плаќаат за оваа услуга.

Google од 1-ви јануари 2012-та година ќе го наплатува користењето на своите мапи, во случај да веб страницата која го користи овој сервис има повеќе од 25.000 кликови во тек на денот, пренесува BBC.

Веб страниците, а особени туристичките агенции, го користат Google Maps.

Во извештаите се наведува дека Google ќе наплаќа 4 долари за секои 1.000 кликови преку ограничувањето, кое ќе биде 25.000 кликови. Google тврди дека овој лимит ќе погоди само 0,35 отсто од корисниците. Компанијата во соопштението наведува дека поединечни веб сајтови ќе мораат да преземат одредени акции.

- Поради големата употреба на нашите мапи неопходно е да се обезбеди долгорочната иднина на сервисот, за да остане одржлив, се наведува во соопштението од Google.

Ваквата одлука на компанијата следи откако последните интерни анализи покажаа дека високо профитабилни интернет страници заработуваат благодарение на нивниот бесплатен сервис. Сепак, Google Maps ќе остане бесплатен за обичните корисници.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Некој црнец од некое афричко племе доаѓа со жена му и неговото новородено дете кај доктор Џоунс и му вика:
'Докторе, имам осум деца и сите се црни како мене, само ова е бело....
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1679.- Умре холандскиот писател Јост ван ден...
1782.- Шпанците го презедоа од Британците...
1783.- Од земјотресот во Калабрија (југозападен...
1840.- Роден е шкотскиот пронаоѓач Џон Бојд...