Google ја објави последната надградена верзија на Chrome 15. Оваа верзија донесува само мали козметички промени, горната линија е поедноставна, а и Google Web Store е редизајниран, односно изгледа поедноставно.
![](http://images.idividi.com.mk/images/google_chrome6.jpg)
Chrome функционално е идентичен на минатата верзија, но акцентот е ставен на измената на изгледот.
Новиот Chrome на врвот ќе ги прикажува најпосетените страници и ќе обезбеди и кратенка за инсталирање на веб апликации. Корисниците ќе можат да креираат повеќе страници за иконите на апликациите.
Лентата за навигација и понатаму е на дното, но има измени околу нивната содржина и достапноста на апликацијата, т.е. дали таа ќе биде означена во обичната лента или на целиот екран.
Покрај овие мали измени, Google го измени и Chrome Web Store. Дизајнот е поедноставен, а главната содржина се иконите на достапните апликации. Новата верзија можете да ја симнете тука.