Компјутерите и мобилните ќе ги управуваме со умот

Компаниите „Apple“, „Google“ и „Microsoft“ веќе ги усовршуваат уредите со кои е возможно да се управува со гласот и движењата на телото пред камера. Но компанијата „IBM“ предвидува дека за помалку од пет години компјутерите ќе ги управуваме со умот, пишува „Daily Mail“.

Читањето на мисли досега беше научна фантастика, но оваа можност наскоро би можела да стане реалност. Доколку се работи за мобилен ќе биде доволно само да се помислите дека треба на некого да му се јавите и тоа ќе се случи, рече портпаролот од компанијата IBM.

Ова предвидување е дел од годинешниот извештај на  IBM „Фајв ин фајв“. Компанијата предвидува дека до 2016 година лозинките ќе престанат да се користат. Наместо лозинките, кои се тешки за помнење ќе користиме биометриски читачи кои ќе можат да откријат, кои сте „читајќи“ ги вашите уникатни карактеристики.

И денес се користи примитивната технологија на контрола со умот за игри како „Mattel's Mindflex“, каде играчите носат превез околу главата кои ги „чита“ мозочните бранови. Тие се концентрирани на подигање и спуштање на топката. Играта „Mindflex 2“ ќе биде претставена на „Consumer Electronics Show“  во Лас Вегас во јануари следната година.

Софистицираната технологија би можела да ни овозможи до 2016 година со умот да го контролираме барем курсорот на компјутерскиот екран. Можно е и произведувачите на компјутери да ја користат веќе постоечката технологија како веб-камера за да можат корисниците со очите да управуваат со компјутерот. Предвидувањето за престанување на користење лозинки би можело да се оствари многу порано отколку што веруваат во компанијата IBM.

Претставници на компанијата „Microsoft“ изјавија дека новата верзија на Windows, Windows 8, на корисниците ќе им понуди  „графички“ начин за заклучување на компјутерите. Наместо помнење на низа букви, корисниците ќе треба да ја заокружат својата мајка на фотографијата или својот најдобар пријател.

Произведувачите на компјутери како компанијата „Alienware“ веќе користат „биометриска“ заштита, со која лаптопите ги „препознаваат“ своите корисници по пат на биометриски маркери како формата на нивното лице.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1632.- Во Амстердам е роден Барух Спиноза,...
1642.- Холандскиот морепловец Абел Јансон Тасман...
1713.- Роден е Лоренс Стерн, англиски писател,...
1729.- Роден е рускиот генералисимус Александар...