Паметно избегнете ги камерите и радарите во Скопје

Од вчера во Скопје започна да функционира проектот „Безбеден Град“ , што значи дека веќе втор ден 100-те камери кои пред скоро 2 години беа поставени по улиците на главниот град се ставени во функција. Тие вршат 24-часовен мониторинг на улиците, раскрсниците и мостовите. Тие ќе снимаат прекршоци, сообраќајки, инциденти, криминални дела, а ќе служат и за регулирање на густината во сообраќајот. Како што објавивме и вчера, казните за прекршоците фатени со камерата ќе стигнуваат на домашна адреса.

Доколку сакате да бидете примерни во сообраќајот, а и да заштедите пари тогаш Trapster е вистинската апликација за вас. Се работи за бесплатна мобилна апликација преку која се обележуваат секакви настани кои би влијаеле на вашето патување со возилото. Корисниците во Trapster одбележуваат камери, оштетувања на патот, полициски замки, радари, па дури и места каде полицијата најчесто се крие. Покрај тоа, корисниците информациите можат да ги споделуваат преку Facebook и Twitter.

Апликацијата користи Wi-Fi или 3G мрежа и GPS со цел да ја најде вашата моментална локација, па според околината во која се наближувате апликацијата праќа аудио или текст пораки за можните опасности. Добрата работа е тоа што корисниците едноставно можат да додаваат нови информации за состојбата на патиштата, а тоа значи дека мапите во апликацијата секојдневно се надградуваат. Информациите за камерите и радарите остануваат на мапата засекогаш, додека полициските патроли се видливи само еден час.

Според мапата на Trapster, во Скопје се обележани скоро сите камери, доколку некоја фали, слободно додадете ја. Се надеваме дека во нашиот главен град сообраќајот ќе биде побезбеден, без притоа граѓаните да треба да плаќаат казни. Преземете ја Trapster бесплатно за Android или iOS.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Плавуша влегува во продавница.
- Дај те ми розева тоалетна хартија.
- Имаме само бела.
- Не сакам, розева помалку се валка.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1791.- Роден е Мајкл Фарадеј, англиски физичар и...
1792.- Во екот на војната со контрареволуцијата...
1862.- Американскиот претседател Абрахам Линколн...
1933.- Во Париз почна Светскиот младински...