Некои го нарекуваат Pornstagram, други Sextagram, но како и да го нарекувате, Pornоstagram ви ги носи најдобрите порнографски фотографии на интернет на едно место, стои во описот на порнографската верзија на Instagram која полека се стекнува со голема популарност.
Оваа друштвена мрежа која ја креирал Quentin Lechemia за разлика од популарниот Instagram не ги цензурира фотографиите со голотија, туку служи исклучиво за објавување на истите.
- Уживајте во највозбудливите фотографии на голи жени и мажи..., стои во повикот упатен до сите заинтересирани за таква содржина.
Според пишувањата на странските медиуми, функцијата на Pornоstagram е многу слична како на Instagram така што корисниците можат да објавуваат фотографии и да ги уредуваат со помош на 15 филтри, како и да ги споделуваат со фановите.
Оваа страница инаку е креирана во 2013-та, а основачот сакал да види колкав интерес ќе владее за објавување на порнографски содржини од страна на луѓето. Со оглед на резултатите од првата години тој не се усреќил многу бидејќи страницата собрала само десетина илјади фанови, но во последно време нејзината популарност и тоа како расте.
Морате да имате над 18 години за да пристапите на сајтот.