Тања Балаќ, прва дама на фестивалот „Скопје Креатива“ (14-16 јуни)

Квалитетно, интригантно, поинакво... има тоа и кај нас

Од 14 до 16 јуни во скопскиот Градски парк ќе се одржи првото издание на фестивалот на креативни индустрии „Скопје Креатива“, кој ќе прикаже дел од дизајнерските решенија, но и многу други нешта, креирани и изработени од македонски автори. На чело на фестивалот е сликарката Тања Балаќ, раководителка на Секторот за јавни дејности на Град Скопје...

Подготвивте прилично амбициозна програма. Што ќе може публиката и заинтересираните да видат на „Скопје Креатива“?

Факт е дека се потрудивме да претставиме добар дел од креативниот потенцијал на нашите, пред се’ млади луѓе, а и да направиме програма која ќе биде интересна за што повеќе посетители. Публиката ќе има можност првпат да ги види уникатните дизајнерски решенија на бројни македонски компании, самостојни уметници, кои создаваат производи со исклучително квалитетна уметничка и естетска вредност, а воедно нашето општество од нив има индустриски и економски бенефит. Почетокот на фестивалот ќе биде означен на 14 јуни со отворањето на првата меѓународна конференција со наслов „Креативни индустрии-теорија преточена во практика“ истата вечер е и модниот перформанс на „ Fashion week Macedonia “ во соработка со дизајнерката Елена Спасовска и „Интерактивната вечера за двајца“ авторско дело на Зоран Рунчев и Росица Мршиќ, кое ќе се одржи во архитектонски дизајнираниот простор наречен „ИГЛО“ . Публиката ќе има можност на фестивалот „Скопје креатива“ директно да се запознае со работата на македонската компанија „Фх3х“ која соработува со престижните холивудски продукции за визуелни ефекти. Воедно, како дел од ексклузивната програма е и презентацијата на првиот македонски суперхерој, анимираниот лик „Македон“, во изведба на групата „Планемо“. Првпат скопјани ќе се запознаат и со дизајнерските производи од IT технологијата, создадени од македонски автори, како што се: апликации за „смарт“ телефони во изведба на „ Intelligent network solution “ и „ Codewell “ . Фестивалот ќе понуди и работилници како што се: за рачна изработка на хартија и корици, пишување поезија на консумативно тесто, музичка работилница. На 15 и 16 јуни во Градскиот парк ќе се одржи и работилницата за анимиран филм под менторство на „АНИМАКС СТУДИО“, а исто така ќе се одржи и работилница за дизајн на форми од индустриски отпад и амбалажа, во соработка со фирмата „ПАКОМАК“ и постипломците од Факултетот за ликовни уметности и средното уметничко училиште. Воедно, публиката ќе има можност да ги види креациите на редизајниран мебел во модерен стил на Викторија Лангоска, студентите од Машински факултет од одделот за индустриски дизајн, како и ексклузивните дизајни на компанијата „ПУНКТ МЕБЕЛ“. Во овој дел ќе имаме ексклузивна можност, да ги видиме и дизајнираните грејни тела на македонската компанија „ЗАВАР“, како и концептуалниот моден дизајн на „ЛУДУС“. Во програмата со свои презентации ќе се вклучат и ЕСРА Универзитет, Европскиот Универзитет, ФОН Универзитет и Американ колеџ. Од областа на графичкиот дизјан, во рамките на фестивалот ќе бидат презентирани идејни решенија на 12 автори предводени од „АРС АКТА“ кои даваат нови визии за рекламни идејни решнија и на студентката од Европскиот универзитет Кристина Георгиевска, која нуди нови графички визионерски решенија за градот Скопје. Група студенти од Архитектонскиот факултет, во рамките на фестивалот ќе го реосмислат и визуелно исполнат просторот од некогашниот култен ресторан „Езерце“, создавајќи за момент нов урбан простор. Мултимедијалните перформанси се важен дел од првото издание на „Скопје Креатива“. Во градскиот парк во Скопје, ќе имаме можност одблиску да се запознаеме со изработката на филигранот преточен во театарско - музички спектакл на Марија Милошеска, како и куклената претстава за деца „Муминтрол и зимата“ во изведба на „Буден театар“. Град Скопје од пред две години е официјален член на мрежата на креативни градови „ Les Rencontres “ , кои работат на развивање на секторот на креативни индустрии. Фестивалот „Скопје Креатива“ е дел од подолгорочната стратегија за развој на креативните индустрии во нашиот град.

Дали ве изненади бројот на квалитетни учесници од она што го предвидувавте пред да почне реализирањето на идејата за фестивалот?

Без намера можеби да звучам нескромно, но, искрено, не сум изненадена од бројката на пријавени. Мислам дека креативците, уметниците, сите оние кои се чувствуваат способни да понудат нешто квалитетно, нешто интригантно, поинакво во уметничкиот израз, се пронајдоа токму низ учеството во овој проект, фестивалот за креативни индустрии. Ме радува одзивот, ме радува што идејата е сфатена, што, верувам, дека по овој фестивал, Скопје креативно ќе заживее на поинаков начин, нудејќи им простор на креативците, преку себепромовирањето, па и префинетиот начин, да заработат нешто за себе, но, што е уште поважно, Скопје да заработи позитивна „етикета“ на креативен град. Односно, со својот креативен потенцијал, да се промовира ширум светот, афирмирајќи се преку промоцијата на вредностите, производите и услугите од областа на креативните индустрии. Нашата основна интенција е помагање на скопските и на македонските креативци, да им дадеме насока да размислуваат за афирмација во бизнисот и за извоз на своите производи надвор. Конечно, преку овој проект, сакаме да го добиеме епитетот „Креативен град“ од страна на УНЕСКО и да се вклучиме во мрежата на Креативни градови на УНЕСКО.

Може ли да се каже во кои области се Македонците најкреативни?

Не би сакала, осноно сметам дека не би било фер, никого посебно да издвојувам, ниту поединец, ниту група. Но, можам да кажам дека креативноста на нашите луѓе е повеќе од евидентна. Впрочем, за тоа доволно говорат, како разновидноста во изразот, така и бројката на пријавени учесници. Можеби, за ова интересно прашање ќе биде најдобро да разговараме по завршувањето на Фестивалот, по сумирањето на резултатите од понуденото, по одгласите во јавноста, во медиумите, без чија поддршка, целиот овој труд би можел да се сведе на една обична, голема нула.

Планирате ли во иднина да послужите како мост, односно врска, меѓу луѓето што имаат идеи и потенцијалните инвеститори?

Токму така. Неспорен е фактот дека Скопје, Македонија воопшто, располага со огромни креативни потенцијали, кои, за жал, мошне бавно, мошне срамежливо го пробиваат патот до крајните конзументи - купувачите. Оттаму потекнува и нашата најважна задача во организацијата на овој проект - да им овозможиме на сите креативци, особено на младите, да се развиваат и да ги развиваат своите идеи, или, со други зборови, да се вклучат во мерка во која тие самите ќе одлучат, ширејќи се и поврзувајќи се со други сродни меѓународни манифестации. Оттаму, од талентираните поединци и групи очекуваме да се вклучат и да создаваат производи со висока дополнителна вредност. Односно, токму од тие производи, во огромна мерка ќе зависи и економскиот развој на нашиот град и на државата.

Што треба да се направи за нашето образование подобро да ги препознава креативните деца и правилно да го развива нивниот талент?

Верувам дека го знаете одговорот на ова прашање, нели? Секако ќе се согласиме дека без поддршка од сите релевантни институции на локално и на државно ниво, креативниот потенцијал на оваа земја нема шанси за развивање. Сериозното, систематското вклучување во образованието уште од најрана возраст преку логистичка, финансиска, но, најважно од се’, стручна помош и системска работа со младите, секако ќе вроди со плод, гледајќи визионерски и долгорочно. Што им треба на младите за да го искажат својот талент и потенцијал, откако ќе бидат препознаени? Безрезервна поддршка, охрабрување и поттикнување на сите нивоа.

Миодраг Мишолиќ



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Децата од Тошовата улица го научиле дека е педер и секојпат кога поминувал по улицата, му викале: *Тошо - педерот, Тошо - педерот!*
Еднаш излегол Тошо да прошета со неговото...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1504.- Умре шпанската кралица Исабела I...
1648.- Папата Инохентие X го осуди Вестфалскиот...
1703.- Во дводневната „Голема луња“ во јужна...
1812.- Француската војска предводена од Наполеон...