Креативната работа се работи единствено со многу љубов и уживање

Тинтири Минтири за повеќе генерации деца е место каде што можат да го искажат уметничкиот талент, да се социјализираат со врсниците, но и да научат практични вештини кои ќе им користат во животот дури и ако одлучат да не го следат патот на филмската уметност во понатамошното образување.

Идивиди имаше чест и задоволство да поразговара со Кузман Кузмановски, раководител на Тинтири Минтири. Тој ни ги откри плановите за новата учебна година, но и проектите кои заедно со учениците ги создава за во иднина.

Неодамна ги започнавте уписите за нови членови во Филмското училиште Тинтири Минтири и Аурипигмент продукција. Што сè нуди Тинтири Минтири за сите оние кои размислуваат да ги запишат своите деца  во училиштето и кои се критериумите кои децата треба да ги исполнувуваат?

-Уписите се во тек и веќе почнавме да ги формираме групите кои во оваа учебна година ќе ги создадат новите содржини на нашето училиште. За оние што не знаат, Тинтири Минтири е филмско училиште кое работи со деца од 6 до 18 години. Работиме содржини во сферата на аудио визуелната дејност, а акцентот е ставен на филмска и тв глума. Значи, сите деца кои имаат меѓу 6 и 18 години и имаат желба да научат како да станат филмски актери, сценаристи, режисери, сниматели, аниматори, како да изградат однос кон камера, како да се ослободат за јавен настап, можат да се запишат во нашето училиште. Тинтири Минтири воедно е и инкубатор на таленти, што значи дека ги насочуваме и мотивираме децата да работат на особини и дарби за кои можеби не се ни свесни дека ги поседуваат, ни тие ни нивните родители. Верификацијата на нивниот труд се случува на фестивалот Тинтири Минтири Филм Фест, кој секоја година се одржува во месец јуни во Кинотека на Република Македонија. Ова значи дека најдобрите сценарија кои ќе излезат во текот на школската година се гледаат на филмското платно. Сето ова е зачинето со добра дружба и многу смеење, бидејќи станува збор за креативна работа, а таа се работи единствено со многу љубов и уживање.

Каде ќе се одржуваат часовите за учесниците во Филмското училиште Тинтири Минтири и Аурипигмент продукција?

-Оваа година часовите ги држиме во просториите на Македонска телевизија, во телевизиско студио. На овој начин децата од близу имаат можност да се запознаат со ентериерот кој го користиме за снимање. Покрај стандардните часови, многу често се случува да работиме на терен. Не ретко содржините што ги работиме ги снимаме на други локации - во природа, на улица кога е потребна урбана атмосфера, во училиште и сл.


Кои се придобивките за едно дете по посетувањето на филмското училиште, покрај социјалната интеракција со деца на слична возраст и можноста да научат нова потенцијална струка и техники кои ќе им користат во понатамошниот тек од животот и кариерата?

- Се сомневам дека сите наши членови кога ќе пораснат ќе станат филмски работници. Но, уверен сум дека секој од нив поединечно има огромни продобивки од членувањето во Тинтири Минтири. Една од најважните придобивки секако е стимулација на креативно размислување, нешто што во понатамошниот тек на животот ќе послужи за брзо надминување на непредвидените ситуации и пречки. Секако придобивка е и стекнување на самодоверба и градење на сигурен настап во јавност, нешто што е неопходно да го поседува секој во денешно време, без разлика за која професија ќе се одлучи во животот. Друга важна придобивка за нашите членови е можноста да работат тимски и во група. Филмот е тимска уметност и за да можат да направат добар филм, едноставно децата мораат да соработуваат. На часовите по актерство тимската работа е во центарот на вниманието. И најсамоуверените, кои преферираат сами да ја завршат работата, и оние кои имаат чувство дека не се вклопуваат во групата, се ставени во ситуација да мораат да соработуват со други за да имаат успешен настап. Нашите членови постојано ги ставаме во голем број ситуации со кои немаат можност да се соочуваат секојдневно. Ова е вредно искуство кое ќе им помогне да се снајдат секогаш кога ќе се најдат во нова животна состојба.

Инаку тимот кој работи со децата има за задача да применува современи дидактички методи и педагошки принципи. Веруваме дека кога станува збор за деца, неопходна е строга педагошка контрола на целата програма и затоа инсистираме на ваков курикулум.

Во моментов членовите на училиштето Тинтири Минтири ја снимаат играната серија за деца „Вистински приказни“ која наскоро ќе започне да се емитува на Македонската телевизија. Кажете ни повеќе за тој проект...

- Идејата за овој проект се роди многу спонтано. Одговорните од Македонската телевизија имаа слух за нашиот обид да направиме исчекор во македонската телевизиска продукција за деца и да снимиме серија за деца во која главните улоги ќе ги имаат децата. Станува збор за авантуристичка серија во 20 продолженија. Ова лето успеавме да снимиме поголем дел од епизодите од првата сезона. Наша приоритетна задача во серијата „Вистински приказни“ е децата кои учествуваат како актери да делуваат природно и неусилено пред камера. Интересно е што многу често се случува да правиме измени во сценариото на лице место, за време на снимањето, само заради тоа што децата кои глумат во одредена сцена добиле инспирација и додале / одзеле нешто од текстот, со свои зборови. Иако не е според првобитниот договор, изгледаат уверливо кога зборуваат и гледачите ќе им веруваат. Се надеваме дека наскоро ќе можат да се видат првите епизоди од серијата на Македонската телевизија.

Децата кои ќе станат дел од Тинтири Минтири ќе добијат можност да ги покажат своите таленти и во останатите струки на филмската уметност. Пишување на сценарио, режија, креативно пишување, однос со камерата, водителство, анимација...Од досегашното искуство, кои области се најбарани од децата кога ќе ви пристапат за упис во Тинтири Минтири?

- Повеќето од децата кои се запишуваат во Тинтири Минтири сакаат да станат актери. Честопати тие и не се свесни дека поседуваат и талент за пишување, на пример. Кога ќе навлезат во содржините кои ги работиме и кога ќе имаат можност да остварат контакт со професионалци од други филмски сфери (филмска и тв шминка и фризура, аниматори, драматурзи), децата пројавуваат интерес и за пишување сценарио, некои од нив за режија и за анимација. Затоа Тинтири Минтири освен што работи како класично филмско училиште, работи и како инкубатор на деца таленти во аудио визуелната сфера. Инаку од годинава филмското училиште Тинтири Минтири е поддржано и од Агенција за филм на Република Македонија.

Што треба еден иден актер да знае за самата професија? Тоа секако не е „обична“ професија со работно време од 9 до 5. Кои си придобивките и мааните кај глумата како идна професија?

-Во професионалните кругови се говори дека режисерите треба да знаат од секоја област по нешто, додека актерите за да бидат на врвот треба да знаат се’ за се... Во Тинтири Минтири се обидуваме да ги насочиме децата кон правилна мотивација. Тоа подразбира дека за да добијат статус на добар актер или уште повеќе – актер ѕвезда, тие треба напорно да работат. Значи, талентот не е доволна предиспозиција. Исто така се обидуваме да објасниме дека не постои правило според кое ако актерот е искусен и добар, мора да добие главна улога. Секоја улога и секое место во едно филмско дело е еднакво значаен сегмент за да може филмот да функционира како целина. .

Од Холивуд често дознаваме за лошиот третман на децата актери и за нивната транзиција кон повозрасни улоги. Таа не секогаш е „глатка“, па голем дел од нив потоа се борат со пороците и негативниот публицитет. Дали во Филмското училиште Тинтири Минтири децата ќе имаат советување од психолози, а не само од професорите по зададените часови?

- Тимот на Тинтири Минтири освен режисери и актери вбројува и педагог и социлог, што можеби е од клучно значење за нашата дејност. Девијантните појави кај деца актери, па дури и кај возрасни актери најчесто се јавуваат од немањето капацитет да се справат / носат со славата што е составен дел / придобивка на оваа професија. Никогаш ниту еден актер или уметник не смее да заборави дека претставува само инструмент преку кој говори Трансцедентот. Уметниците можат да го впијат онолку колку што тој ќе им се даде. На децата секогаш треба да им биде пред очи приказната за Рибарот и рипката. Старецот се доби од златната рипка, но се изгуби во моментот кога стана крајно неблагодарен.



Кои се соработниците на Тинтири Минтири кои ќе придонесат во едукацијата на идните членови? На официјалниот сајт ги видов имињата на Тони Михајловски, Ванчо Петрушевски и Катерина Илиевска...

-Тинтири Минтири соработува со голем број актери и филмаџии од македонската уметничка сцена. Неблагодарно е да ги набројам сите, зошто сигурно ќе заборавам некого. Но, едно можам да кажам - нашите членови уживаат на средбите со сите наши соработници, стекнуваат искуство од професионалци кои поседуваат големо знаење во својата професија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се јавува Трпе кај девојката и и вика:
- Ај дојди кај мене, нема никој.
Оваа се дотерала и отишла кај Трпе и таму стварно немало никој!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на лицата со хендикеп
1368.- Роден е францускиот крал Шарл VI, кој до...
1800.- Во Врба, кај Блед, е роден Франце...
1808.- Мадрид се предаде на воените сили на...