Колку е потежок предизвикот толку повеќе уживам во него

Магдица Димитровска е перфекционист со заразна насмевка. Впрочем како што би требало да изгледа секој кој сиот свој живот го посветил на својата пасија, музиката.

-Колку потешка е програмата што треба да ја свирам, толку повеќе уживам во нејзината изведба, од чиста причина што сум тип кој сака предизвици, вели таа.

Освен што е дел од дуото „Еквилибриум“, во кое што заедно со Александра Стојкова свират четири –рачно пијано, Маги е и професорка по пијано, која го пренесува своето знаење на идните генерации со кои ја дели истата љубов кон нотите.

Деновиве на кратко ја „украдовме“ за да си направиме кафе муабет за тоа како изгледа кога срцето ти чука 200 на час, а ти треба да излезеш пред преполна сала и да го дадеш најдоброто од себе. Зборувавме и за тоа колкава е жртвата што треба да ја дадеш кога сакаш нешто да звучи беспрекорно, како и за неминовната дилема -Дали наградите се репер за успехот?

Поминаа единаесет години откако професионално се занимаваш со музика, но твоето запознавање со музиката започнува многу порано....

-Музиката беше желба на мајка ми која забележа дека имам осет за ритам уште од мали нозе. На нејзино инсистирање ме запиша во музичко и од тука започна целата приказна. Се здружив со музиката од својата 7-ма година и од тогаш нештата се редеа спонтано. Кога пораснав сфатив дека тоа е тоа и дека сериозно сакам да се занимавам со музика.

Летово имав можност да присуствувам на концертот на дуото „Еквилибриум“ во Куманово и морам да признаам дека бев воодушевена од настапот. Колку време е потребно за да се извежба еден таков перформанс и воопшто било кое друго дело до перфекција?

-Тоа што имаше можност да го гледаш беше направено за помалку од три месеци. Инаку подготовката за мојот дипломски и магистерски труд кои беа два дела,  траеше година и три месеци и тоа интензивно вежбање по 6-7 часа секој ден. Без прескокнување и изговори од типот „Имам работа“, „Немам работа“.

Тоа не беше важно. За да може да се изведе една таква програма, со таква тежина, треба континуирано да се вежба по 6 часа. Како што ние знаеме да кажеме – да ти легне материјалот под прсти. Прво треба мемориски да го запаметиш, па потоа технички да го доведеш до потребното ниво и брзина, а треба и да помине време додека се внесеш во делото. Да дадеш дел од себе и да не се сведеш само на свирење голи ноти. Нормално е дека ти треба време бидејќи и ти самиот созреваш заедно со делото на кое работиш.

Како дојде до соработката со Александра? Забележав дека совршено се надополнувате во четри-рачната пијано изведба

-Соработката ни започна многу случајно. Се знаеме од факултетски денови кога заедно свиревме на испити. Во принцип јас уживам да бидам со некого на сцена и да соработувам со други музичари, па сè почна многу другарски, со она познато „Ајде да се видиме на кафе“ и да зборуваме за идејата. Совршено се вклопивме и до тука започна сè. Прв беше концертот во Куманово, каде бевме навистина пријатно изненадени од големата посетеност. Се помина во најдобар ред и со преостанатите концерти, па со задоволство можам да кажам дека освен тоа што си поминавме супер, сум мошне задоволна и од сè што постигнавме во изминатата летна сезона.

Ова можеби  звучи како клише прашање, но морам да го поставам со оглед на тоа што свирењето пијано ми изгледа како вистински предизвик. Имаш ли трема пред настап?

-Тремата постои секогаш. Барем кај мене постои на почетокот, тоа исчекување да излезеш на сцена, па не си свирел долго време, па сега прв пат, па како ќе биде...Тоа е пред да излезам. Излегувам...Гледам дека салата е полна, тоа ми дава огромна енергија, се поклонувам, седнувам и сфаќам дека тоа е тоа. Повеќе нема бегање, нема ништо. Се опушташ, не размислуваш на публиката и започнуваш.

Како реагираш кога ќе направиш грешка на сред изведба?

-Искуството си го прави своето и се трудиш да не те фати паника. Понекогаш грешките не се ни забележуваат, но јас ги знам бидејќи тоа го работам. На пример со колешката кога свириме точно знаеме каде таа згрешила,а каде јас. Но, мораш да се контролираш. Грешката се случува, ставаш рез и веќе не мислиш на тоа, затоа што може да се случи на почетокот на концертот, може да се случи на крајот. Ти не можеш цело време да мислиш на тоа дека во еден момент си направил грешка, зошто треба да се концентрираш на изведбата.

После секое добро отсвирено дело следи громогласен аплауз и бис. Што значи тоа за еден уметник?

-Јас го доживувам сето тоа отпосле. Се што ми се случува во животот го доживувам отпосле. Во моментот знам дека свирам, знам дека е во ред, знам дека добивам екстра критики...Но сета таа возбуда од аплаузите и бисовите, мене ми доаѓа после месец -два. Кога ќе сфатам што сме направиле, колку сме работеле, што сме отсвириле. Ќе си речам не е лошо, некои ја немаат таа шанса. Но, во секој случај ми годи сето тоа внимание.

Кога сме веќе кај шансите, што мислиш, дали имаме квалитетна музичка сцена?

-Има деца кои што многу добро пеат има и композитори кои што добро работат. Е сега, не знам дали тука квалитетот  има врска со цената и дали ние сме подготвени да платиме за добра музика.

Дека ја има, ја има, постои, не можам да кажам не. Меѓутоа повеќето од тоа што го слушаме или е нешто копирано од некаде, преработено до степен да не може да се препознае или пак едноставно украдено. Пак ќе повторам, не може да речеме дека нема добра музика, но мислам дека многу повеќе треба да се работи на тоа. Во музиката треба голема финансиска поддршка, од пишување на песна, аранжирање, пеење, спот...

Сето тоа чини многу, а на крајот останува и прашањето колку музичарите имаат фит бек и заработка од крајниот производ. Ако кај нас добро се живее од тоа, верувам дека многу луѓе кои се таленти ќе излезат на сцена, ќе пеат и ќе знаат за што ќе работат. За жал кај нас музиката не се цени доволно и човек мора буквално сам да се снаоѓа. Поддршка од страна се наоѓа, но се зависи од тоа колку си подготвен да се вложиш.

Знаеш дека не е лесно да се направи еден концерт. Прво треба сала, инструмент, сценски изглед...Сценскиот изглед е мошне важен. Гардероба, шминка, фризура... Вложуваш максимално за да добиеш убав фит бек. Тоа што го изведуваш е подеднакво важно, со она како изгледаш и како ќе се претставиш на сцената.

Си размислувала ли некогаш да заминеш во странство и таму да градиш професионална кариера?

-Па, да сум размислувала и да заминам и да градам кариера. Најверојатно не сум заминала поради моите. Мајка ми секогаш сакаше да сум тука. Што се однесува до настапите во странство, ја користам секоја можност за да го направам тоа. Сакам делото и мојот труд да зборуваат за мене и мојата работа. Моментално сум во преговори за неколку настапи во соседството, па со нетрпение очекувам да започнеме со нивната реализација.

Како се снаоѓаш во улогата на професорка по пијано и во тоа да им го пренесеш своето знаење на децата?

-Во животот никогаш не се замислував како професор. Завршив пијано и мислев дека само ќе свирам, но ете ми се пружи шанса да работам со деца и одлично се снајдов во тоа.

Среќна сум што можам да ги насочам децата кон нешто што утре можеби ќе им биде професија. Не мора да значи дека ќе бидат музичари, но ќе бидат побогати со едно искуство. Децата што се занимаваат со уметност, особено со музика, се поинакви. Помирни се, повоспитани се за себе и за околината, дисциплинирани се и знаат да почитуваат.

Јас ја научив таа дисциплина кога почнав да одам на хорско пеење кај Запро Запров. Се знаеше кога се пее, кога се има пауза, а кога е време за шеги. Родителите на денешниве деца, сакаат да ги пратат децата на што повеќе активности, но кога ќе се расцепкаш на 5 различни нешта, на крај завршуваш со ништо. Од друга страна ако се насочат кон една работа и ако точно се пронајдат во тоа, можат да ја постигнат секоја цел.

Што мислиш за наградите? Дали се репер на квалитетот?

-Кога бев дете и го имав првиот настап, освоив 3-то место. Сепак, подоцна нè известија дека ќе добијам само пофалница, зошто наградата треба да оди кај друго дете. Иако во моментот тоа ми беше голема траума,  уште од мали нозе научив дека наградите не се толку важни, колку што е важно она што си го свирел да е навистина добро отсвирено. И ден денес, кога ги носам своите ученици на натпревари им велам на децата дека не е награда, тоа што ќе освојат награда. Важно е тоа што ќе го сработат и колку реално се задоволни од тоа.

 Што прави Маги во текот на еден свој работен ден?

-Денот го започнувам со јако турско кафе и потоа започнувам со работа, одам на часови и времето го поминувам со дечињата. Откако ќе завршам, бегам дома. На второ место ми е аикидото, каде што на здрав начин го исфрлам вишокот енергија и се релаксирам. Кога имам концерт, после работа се посветувам на вежбање. 

Како човек кој целосно и се посветил на својата пасија, што би им препорачала на сите оние кои допрва влегуваат во светот на музиката?

 -Никогаш не се откажувајте и борете се за она што го сакате. Талентот не значи ништо, ако напорно не работите на него. Секогаш може подобро! Поставете цел и тргнете кон неа!

Н.Вуковиќ



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Еден човек среќава пират во бар.Пиратот има дрвена нога,кука и извадено око.
"Како ја доби дрвената нога?" го прашува цовекот.
"Имасе страсна бура на морето,и јас излетав во...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1620.- Стотина населеници, исклучени од верски...
1716.- Роден е англискиот писател Томас Греј....
1734.- Роден е англискиот сликар Џорџ Ромни,...
1792.- Роден е англискиот пронаоѓач и...