ИТАЛИЈА ГИ БОЈКОТИРА, НО ЕВРОПА ГИ ОБОЖАВА

Италијанските автори кои направија вистински бум во Ватикан

Италијанските автори Рита Моналди и Франчесто Сорти се брачни партнери, кои заедно решиле да работат на нивниот прв роман „Имприматур“.

И двајцата се новинари, а токму таа професија им овозможила да продрат длабоко во минатото на Рим и да се вратат дури во 17 век. Цели пет години истражувале, барале архивски документи и факти со цел да го создадат делото кое што предизвика бура од рекации во Италија, бидејќи открива воодушевувачки тајни кои се криеле со векови.

Приказната е фиктивна, но вклучува вистинити личности и настани, меѓу кој главен лик е Ато Мелани, познатиот оперски пејач, кој бил дипломат и шпион. Пишуваат за опсадата на Виена, како и судирот на силите во Европа токму од 17 век, чии последици може да се почувствуваат до денес.

Книгата за прв пат е објавена во Италија во 2002 година, при што веднаш станала популарна меѓу народот и за три месеци доживеала второ издание. Но, по третото издание, италијанските издавачки куќи решаваат да ја бојкотираат, а авторите да се преселат во Виена. По една година „Имприматур“ станува европски бестселер, што почнува да се преведува на различни јазици. До денес, преведен е на вкупно 26 јазици и е објавен во 45 земји, вклучувајќи ја и Македонија. Токму синоќа, се одржа промоцијата на романот на македонски јазик во „Менада“, благодарение на книжевниот центар „Антолог“, каде што писателите успеаа да ни одговорат на оние прашања кои што ги одделивме од мноштвото загонетки поврзани со нивните дела.



Вие сте едни од ретките двојки кои пишуваат заедно. Дали кога пишувате се гледате себеси само како автори кои работат на заедничко дело или работите како брачни другари?

-За нас, пишувањето и живеењето во брачна заедница е иста работа. Не постои ограничување во бракот или во пишувачката професија. Зборуваме за содржината, следните книги, нашите проекти во текот на целиот ден: кога готвиме, кога ги земаме нашите деца од училиште, кога се будиме или кога заспиваме по тежок ден. Тоа не е типична работа од 9 до 17 часот.

Дали се соочувате со некои потешкотии за време на пишувањето со оглед на фактот дека сте две индивидуи со различни идеи и размислувања?

-На почетокот имаше многу разлики во стилот на пишување и во нашите креативни идеи. Имавме типични расправии како секоја двојка, но тие во главно беа околу пишувањето. Франческо, долго време работеше за еден неделен магазин на тема економија, берза и финансии. Неговиот стил беше сувопарен и досаден. Потоа, го прифати советот на неговата сопруга и го читаше Мајкл Пруст и неговото дело „Потрага по изгубеното време“, односно успеа да ги прочита сите негови 7 книги за три години! Со ова тој научи како да „дише“ при пишувањето и целосно го трансформира неговиот стил. Дури и еднаш сонуваше дека е Пруст и дека додека и зборувал на Рита, опишувал некои облаци кои поминуваат на некој начин на кој би го опишал Пруст. Многу необично! По „терапијата со Пруст“, нашите стилови на пишување се надополнуваа многу добро. Денес, веќе совршено знаеме што да очекуваме еден од друг и во состојба сме да го напишеме пасусот подготвувајќи го за следното придонесување на некој од нас.

И двајцата сте новинари. Како дојдовте до главната тема на „Имприматур“, идејата дека треба да пишувате нешто што е архивирано длабоко во историјата на Рим?

-Како новинари често пишувавме вести кои што немавме дозвола да ги објавиме или кои што сме ги напишале, а не сме ги објавиле поради тоа што биле несоодветни кон некои политичари, бизнис интереси на објавувачот или за кариерата на уредникот на весникот за кој пишуваме. Отсекогаш сме биле заинтересирани за „темната страна на работите“, да бараме потекло на факти и да го заборавиме клишето на традиционалните медиуми. Кога започнавме да пишуваме историски новели, очекувавме повеќе слобода бидејќи не пишувавме повеќе за моментални работи. Но, тоа беше грешно размислување.

Зошто одлучивте да се вратите назад во историјата? Знаеме дека Рита е експерт во религиозна историја, а Франческо е музиколог, но што е она што ви привлече особено внимание?

-Фактот дека сите работи кои се случиле во минатото, не се онака како што биле прикажани. Бевме фасцинирани од откритието, дека политиката имала тајна агенда пред 300 години и дека со соодветна истрага, може да се пронајдат многу тајни кои што влијаеле врз историјата на Европа, па сè до денес. За нашите книги, секогаш го бараме пресвртот во историјата, а наша работа е да откриеме кој ја сменил историјата и со која цел.

Верувам дека навистина било возбудливо да истражувате ваков вид на документи. Дали се плашевте од она што може да го пронајдете?

-Бевме внимателни. Како новинари, знаевме дека тие опасни вести може да ги добиеме само од моќни луѓе. Деца не треба да си играат со оган! Па, пред да истражуваме во Архивите во Ватикан за папата Инокетиј XI, проверивме дали некој донел план за канонизација на овој бискуп. Во главната книга во Ватикан, немаше таков план, но не претпоставивме дека подоцна може да има, кога веќе книгата беше целосно завршена. Токму поради оваа причина, романот стана неомилен во Ватикан, со што ја потцени канонизацијата на папата Инокетиј XI.



Дали напишавте сè што откривте за Ато Мелани или пак направивте поделба на она што да објавите во оваа книга, а што во останатите?

-Едноставно зачувавме некои документи за следните книги, бидејќи имавме многу материјал за една книга. Во последните наслови од серијата, ќе објавиме документи кои ги откривме пред 18 години!

По пет години истражување, ја објавивте „Имприматур“, книгата која го привлече сечие внимание во Италија, особено во Рим и стана најпродавана книга уште во првата година. Дали очекувавте дека првата книга ќе ви стане толку популарна и дека ќе добиете толку многу мислења и критики од највлијателните луѓе во вашата земја?

-Не, не ни очекувавме дека ќе добиеме толку голем публицитет. Бевме двајца незнајници. Тоа што сме новинари значи дека имаме неколку контакти, но како писатели бевме целосно непознати.

Верувавте ли дека сте безбедни по објавувањето на книгата?

-По објавувањето, сфативме дека имаме многу малку пријатели и многу повеќе непријатели. Во тоа време, Италија беше многу поразлична земја. Интернетот беше едвај развиен, каналите за информации беа „стари“ весници и ТВ станици. Ако нив ги немало, тогаш немаше да има ни друг начин за пренесување на информации во јавноста. Откако сфативме дека медиумите не сакаат да пишуваат за нашето откритие за папата Инокетиј XI, разбравме дека ние сме игнорирани. Во денешно време таква цензура е невозможно да се случи. Постојат Twitter, Facebook, YouTube и многу други начини за јавноста да дознае различни вести.

Добивте многу позитивни критики, но и негативни коментари. Која критика допира длабоко во вас?

-Ги прифаќаме сити критики, додека се оправдани. Единствените кои не ги прифаќаме се од оние кои не ги читаат нашите книги.



Дали може да ни откриете што може да очекуваме по серијата книги „Имприматур“?

-Паралелно со сериите „Имприматур“ пишувавме уште една серија на историски новели, чија приказна е сместена во 16 век. Главен лик е Салаи, посинок на Леонардо да Винчи, кој е вистинска историска фигура. Салаи исто така е и наратор во приказната, но многу необичен и поразличен од нараторот во серијата за Ато Мелани. Како што вели Леонардо, тој е лажго, крадец, тврдоглав и многу лаком човек – многу поразличен од срамежливото момче кое ја раскажува приказната во „Имприматур“.

Рита и Франческо се горди што нивната книга е објавена и на македонски јазик, кој всушност е 26-от јазик на кој е преведена. Тие напишале уште две дела, „Сектрум“ и „Веритас“, кои ја сочинуваат трилогијата за овој историски настан. Потоа објавиле уште две историски книги, со што ја создале реченицата „Imprimatur secretum, veritas mysterium. Unicum…“, која авторите ја преведуваат како „Дури кога тајната е испечатена, вистината секогаш е мистерија. Останува само...“ Како што ни открија, следуваат уште книги, кои најверојатно ќе ја дополнат оваа нивна позната реченица. А дотогаш, дотрчајте до Антолог и набавете си ја книгата, додека уште ја има! Верувајте дека ќе покрене вистински бум и кај нас.

И.Витановска



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Еден човек среќава пират во бар.Пиратот има дрвена нога,кука и извадено око.
"Како ја доби дрвената нога?" го прашува цовекот.
"Имасе страсна бура на морето,и јас излетав во...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1620.- Стотина населеници, исклучени од верски...
1716.- Роден е англискиот писател Томас Греј....
1734.- Роден е англискиот сликар Џорџ Ромни,...
1792.- Роден е англискиот пронаоѓач и...