АНА БУЧЕВИЌ - МОТИВАЦИСКИ ГОВОРНИК

Сакам да го оставам светот поубав отколку што го начекав

Ана Бучевиќ е мотивациски говорник, а по професија е професорка по кинезиологија. Зрачи со позитивна енергија и висока вибрација. Често одржува семинари „Budite ono što želite postati!“, на кои има огромен број на публика. Освен семинарите, има напишано и неколку книги и има објавено неколку CD-а, како и инспирациски картички. Луѓето сакаат на секаков начин да допрат до неа, па ја контактираат преку меил и преку социјалните медиуми. Многу Македонци исто така ја следат, иако најпопуларна е во Хрватска, од каде што потекнува.



За таа цел ви го пренесуваме интервјуто за магазинот BudiIn, во кое таа ги открива своите тајни.

Во време на огромен број блогери, кога во главно се следат познати фаци од кои нема што многу да се научи, па се следат и канали за шминка, мода и политика.. вие сте вистинско освежување. Не пишувате и не зборувате за тоа, а имате над 30 милиони прегледи. Како го објаснувате овој факт?

Со тоа дека дојде некое прекрасно, ново време, време на будење и самостоен развој. Неодамна и јас самата се изненадив што мојот канал „Safari duha“ се најде на 15-то место меѓу Топ 100 канали од Хрватска, а не станува збор за музички канал, ниту забава, туку за едукациски канал. На луѓето очигледно доволно им е од тежок живот, па подготвени се да се отворат и да кажат „не знам доволно“ и да послушаат некого кој ќе им помогне. Мислам дека за мојот успех најмногу се заслужни резултатите. Методите и сè што на луѓето им зборувам преку своите видеа даваат одлични резултати. Луѓето подоцна ги читаат и коментарите на другите, па добиваат повратни информации кои исто така ги инспирираат и мотивираат за понатаму. Секако, причината за успехот лежи и во фактот дека живеам за да ги учам другите, а луѓето тоа го чувствуваат.

По што се разликуваат добриот и лошиот мотивациски говорник?

По истиот принцип како што се разликуваат добрите и лошите лекари, педагози, професори... сите кои се занимаваат со професија во која главни се луѓето. Само резултатот е показател на нечија работа.

Која беше главната причина за вашиот духовен процес?

Од малечка си поставував различни прашања и чувствував дека има многу работи за да истражам, но главниот отскок беше фактот дека како самохрана мајка го достигнав дното, без постојани приходи и без живеалиште. Се најдов во момент кога си кажав „сега морам мојот живот да го земам во свои раце“! Жедта за едукација ми го промени животот, но на жедта и претходеше признанието дека го исцрпив целото мое знаење и дека не знам како понатаму. Се запрашав што знаат луѓето кои се денес успешни на светско ниво и како поминуваат покрај толку тешки предизвици, а ја не знам и така почнав да се едуцирам.



Сега, по толку многу години, сведочите во една целосно поразлична реалност и сакате целото свое знаење да им го пренесете на другите, што воопшто не е обичај и кај другите луѓе..

Во луѓето го гледам само најдоброто и се надевам дека сите мотиватори работат од иста причина како и јас, бидејќи кога ќе ја сфатиш тајната на животот и кога вистински си среќен и исполнет, сфаќаш дека тоа треба да го споделиш. Мојата вистинска желба е да им помогнам на луѓето да сфатат дека моите деца, мојата Ана и Лукас, остануваат да живеат во овој свет и сакам тоа да биде освестен свет. Моите видеа ги менуваат животите на луѓето, а ми го кажуваат тоа кога ме застануваат на улица. Тие видеа ќе може да се гледаат и по многу години и ќе можат да им помагаат на луѓето. Тоа е мојот извор. Кога ќе постигнете едно ниво на свеста, сфаќате дека сите ние сме едно. Потоа сфаќате дека сè што им го правите на другите си го правите и себе, дека среќата расте кога се споделува и дека најмногу изобилство имате кога давате. Не постојат чевли, автомобил, стан, ништо материјално што може да ме наполни со таква енергија која ја добивам кога ќе помогнам на некого или кога ќе направам некој хуманитарен гест. Не сакам само да живеам, туку сакам да оставам трага, сакам да се знае дека еднаш имало една Ана која го направи светот кој го затакна, подобро место за живеење.

Низ вашите пораки често се слуша зборот Vortex. Што всушност значи тој збор?

Мојата прва тетоважа. Vortex е мојот мал „измамник“ кој ми го промени животот. Прв пат го слушнав во книгите на Естер Хикс. Тој збор ја објаснува паралелната реалност во која се исполнуваат сите наши соништа. Што повеќе го проучував Vortex-от толку повеќе сфаќав дека тоа веќе одамна е кажано во квантната физика, само што јас со тоа не се занимавав. Живееме во повеќе паралелни реалности. Мислиме дека единствена реалност е таа во која сведочиме и само на неа се фокусираме. Да си во Vortex значи да се освестиш дека постои некоја друга паралелна реалност во која имаме изобилство, здравје, љубов и сè што сакаме. Тоа можеме да го доживееме на начин преку кој ќе ја издигнеме сопствената вибрација. Значи, Vortex е поврзан со вибрацијата и со законот на привлечност. Живееме во вселена во која делува законот на привлечноста, само прашање е колку сте слушнале или проучувале за тоа. Тој е тука и делува на нашата вибрација и кога вие со своите мисли и емоции ја дигате вашата вибрација, вие влегувате во таа паралелна реалност во која сè е исполнето. Накратко, тоа значи Vortex.



Постои ли реална можност да престанете да бидете мотивациски говорник?

Искрено не знам, но знам дека живеам во сегашниот миг. Не знам што ќе се случи за две, пет или десет години. Она што го знам е дека носам одлуки слушајќи се себе и своите инстинкти и емоции. Токму затоа оваа година ќе имам семинари само во Загреб и во Белград, а минатата година имав вкупно 30. Одлучив дека ова е година за моите деца и ќе поминувам повеќе време со нив. Што ќе биде следната година, што ќе ми донесе животот навистина не знам, бидејќи живеам сега.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Учителката во школо видела неколку деца како прават фаци додека си играат, па ги предупредува:
- Деца, кога бевме мали нас н&ицирц; учеа дека кој прави грди фаци ќе остане таков...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1562. - Во Мадрид е роден Феликс Лопе де Вега,...
1758.- Британците го окупираа Сенегал.
1763.- Умре францускиот писател Прево, познат по...
1783.- Последните британски војници го напуштија...