|
|
|
РИСТЕ РИСТЕСКИ од ЅВЕЗДИТЕ НА ГРАНДМомчето за кое Карлеуша збесна, а Аца Лукас посака дуетМногумина од нас се забавуваат со музичките емисии организирани од нашите соседи. Една од тие емисии е популарната „Ѕвездите на Гранд“, во која пеат таленти од целиот Балкан. Токму на овие емсии својата среќа си ја пробуваат и многу Македонци. Еден од нив е Ристе Ристески, 21-годишниот Охриѓанец, кој штом запеа веднаш ги освои срцата на многумина. Сепак, нему не му е прв пат да се натпреватува во шоуто. Тој учествуваше и минатата сезона, но немаше толку голема среќа. Овој пат, со само еден настап успеа не само да ја придобие публиката, туку и жирито. Јелена Карлеуша буквално се заљуби во него, па не одолеа да стане и да го изгушка, а Аца Лукас по настапот побарал да запее заедно со него.
Останува да проследиме во понатамошните кругови од шоуто дали е откриена новата македонска ѕвезда. Но, пред да стане славен и презафатен со настапи и интервјуа, решивме да украдеме од времето на Ристе и да го прашаме неколку работи, а тој се согласи искрено да одговара.
Ристе, ти си момчето по кое девојките буквално полудеа. Со оглед на тоа дека си во рани 20-ти години, дали очекуваше дека на оваа возраст ќе имаш толку многу обожаватели?
-Па искрено, не. Сè што направив е тоа што се пријавив на шоуто „Ѕвездите на Гранд“ и успеав да оставам добар впечаток на публиката. Нивните реакции се толку големи што секој ден сум сè посреќен и помотивиран за да одам чекор натаму во мојата кариера.
Пошироката македонска јавност, за прв пат те запозна на претходната сезона на „Ѕвездите на Гранд“, но тогаш не достигна голем успех. Оваа сезона, веќе целото жири те нарекува „ѕвезда“ и сите навиваат за тебе. Што доведе до големата промена и до твое подобрување?
-Претходната сезона успеав да стигнам до некое ниво, но оваа година настапив со многу голема самодоверба и внимателно избрани песни. Самото тоа што сум повозрасен за една година и што имам поголемо искуство, доведе да бидам пречекан со големо задоволство на сцената.
Песните „Strah me da te sanjam“ од Џенан Лончаревиќ и „По тебе“ од Тоше, ги пееше толку убаво и толку лесно. Дали вежбаше напорно за настапот на емисијата или токму тие се твоите омилени песни?
-Како и секогаш, така и сега, избрав песни кои сметам дека добро ми одговараат на мојот глас и на она што сакам јас да го пеам, односно она што допира до душата. Со малку вежбање и поголема самодоверба, ги отпеав на свој начин и успеав да се покажам во добро светло.
Кои се твоите очекувања? Дали сметаш дека ќе стигнеш до финале?
-Јас давам сè од себе и ќе се продолжам така. Ќе гледам уште повеќе да ги зајакнам впечатоците кои ги имав од првиот круг оваа сезона.
Пееше во Швајцарија заедно со Аца Лукас. Каков е тој како човек?
-Аца Лукас е нормален човек. Имав чест да бидам дел од настапот на една од најголемите балкански ѕвезди и навистина сум среќен за таа прилика.
Што е со другите членови на жирито? Какви се тие зад камерите?
-Со оглед на тоа дека снимањето на емисијата трае многу долго, не остануа многу време да се дружиме со нив. Она што вие го гледате, тоа го гледаме и ние.
Што може следно да очекуваме од тебе? Дали знаеш со кои песни ќе настапиш?
-Се уште немам одлучено што ќе пеам следно, но затоа мора да гледаме.
Долго време беше во Швајцарија, каде што настапуваше по клубови и ја расположуваше целата публика. Каде може да те слушнеме во Македонија? Во кои клубови?
-Во Македонија настапувам скоро насекаде по клубовите и имам доста понуди за настапи. Секогаш гледам да ја задоволам публиката, која морам да ја пофалам бидејќи на секој мој настап, ја има сè повеќе.
Пред некое време ја најави твојата прв песна. Дали е подготвена за објавување?
Сега за сега е снимена само демо верзијата, па се уште е во продукција. Се надевам дека ќе ја објавам набрзо.
Не би те споредувале со Тоше, затоа што тој е единствен. Според досегашните твои настапи, ние веруваме дека ќе постигнеш голема слава. Дали токму Тоше го гледаш како твој идол?
Уште како дете, Тоше ми беше идол, а неговите песни ми беа омилени. Сепак, никогаш не се замислував како некој кој ќе работи на соло кариера и дека еден ден ќе ме запознае целата македонска јавност, па и пошироко. Со целата можност која ми е овозможена, јас ќе се потрудам многу за мојата започната кариера, а исто така ќе ја искористам таа можност и да се зближам со публиката.
И. Витановска
|
|
|
|
|
|
|
|
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
Powered by MagnumPRO |
|
|
Виц на денот |
|
Еден човек среќава пират во бар.Пиратот има дрвена нога,кука и извадено око. "Како ја доби дрвената нога?" го прашува цовекот. "Имасе страсна бура на морето,и јас излетав во... |
|
|
|
Состојба на патиштата |
|
|
|
|
Верски календар |
|
|
|
|
На денешен ден |
|
1620.- Стотина населеници, исклучени од верски...
1716.- Роден е англискиот писател Томас Греј....
1734.- Роден е англискиот сликар Џорџ Ромни,...
1792.- Роден е англискиот пронаоѓач и...
|
|
|
|