СЕСТРИТЕ АНДОНОВИ ЗА ФУДБАЛОТ

Во репрезентацијата условите се ужасни, во Европа е поразлично

Двете најдобри фудбалерки во Македонија, се верувале или не, сестри. Сега веќе сигурно претпоставувате за кого станува збор – Сијче и Наташа Андонови.

По потекло од Неготино, двете сестри постигнаа врвна кариера во Македонија, ги бранеа боите на нашата земја, играјќи во репрезентацијата, а потоа се вивнаа кон нови достигнувања.

Ако кариерите ги започнаа во локални клубови, истите ги продолжија надвор од нашите граници, во европски лиги, во големи фудбалски клубови, како што се клубовите во Германија, Шведска, па кој знае каде ќе ги однесе нивниот успех.



Како наши бисери, со кои се гордееме, решивме да помуабетиме со нив за да ѕирнеме во животот на фудбалските ѕвезди, како што се тие две.

Сестрите Андонови, кои откако го освоија македонскиот фудбал, се стремеа кон нешто поголемо. Дали може сега да кажеме дека го освоивте и Европскиот фудбал?

-Пред сè ги поздравуваме сите ваши читатели. Точно е тоа дека во Македонија освоивме сè што можеше да се освои, додека во Европа сè додека не се освои Лигата на Шампионите, не можеме да кажеме дека сме освоиле сè што сакаме.

Како врвни фудбалерки, имате освоено многу купови, а токму поради вашата умешна игра имате добиено многу пехари и признанија. Како се роди љубовта кон фудбалот?

-Љубовта кон фудбалот е дефинитивно благодарение на нашиот татко, кој играше фудбал и редовно нè носеше со него на натпревари и локални игри. Тука не смееме и да ги заборавиме и нашиот дедо Игно и нашите вујковци.

Во 2015 година, Наташа беше прогласена за најдобра фудбалерка во Македонија. Тој период, заедно со Сијче игравте за македонската репрезентација, но минатата година решивте да се повлечете и да си ги продолжите европските кариери. Која беше причината за овој потег?

-Веќе 10 години ги браневме боите на нашата држава со репрезентацијата, без услови за игра. Игравме од љубов, игравме за љубов кон нашата држава и можам со сигурност да ви потврдам, дека на ниеден натпревар не сме влегле, а да не сме 100% сконцентрирани. Покрај долго размислување и разговарање, одлучивме да се повлечеме од репрезентацијата. Работите не се исти какви што беа. Има доста причини поради кои ја донесовме оваа одлука, почнувајќи од финансискиот аспект, условите кои ги имавме, начинот на кои сме биле третирани, преку неинвестирањето во женскиот фудбал, дискриминација па на крај до уште потешки теми. Одлуката баш се покажа  правилна, поради тоа што пред некое време и А Репрезентација Жени ја ставија во мирување на 3 години.

Дали кога работите ќе се променат, би размислиле да се вратите повторно во женската репрезентација?

-Доколку работите се сменат, НО САМО КОН ПОДОБРО и ние видиме дека сакаат да го подобрат женскиот фудбал само со најдобри намери, тогаш би се вратиле.

Дали сметате дека е иста ситуацијата и со машката фудбалска репрезентација?

-Женската А Репрезентација и Машката А Репрезентација, се целосно различни, во секој аспект! Тоа е навистина тажно.

Најпрво игравте во ГФК Неготино, Кавадаречката Тиквешанка, па во Велешкиот Борец, заедно со машките фудбалери. Со оглед на тоа дека сте играле и со мажи и со жени, кои според вас се подобри играчи?



-Сè си има своја тежина , па така и во тоа кој е подобар. Исто така сè си има свои предности. Не може да кажеме кој е подобар, а кој не. Секој фудбалер е добар на свој начин.

По македонските клубови, почнавте да ги освојувате клубовите во Германија. Од кој клуб научивте најмногу?

-Дефинитивно најмногу научивме во Турбине Потсдам, таму бевме и најдолго. Освен за фудбалот и спортот, научивме доста и за животот.

Каков е животот надвор од Македонија? Дали лесно се прилагодивте на условите во Германија, а потоа и во Шведска?

-Животот е премногу различен. Имавме доста проблеми на почетокот додека да се навикнеме на германскиот менталитет и начин на функционирање. Беше тешко, беа тоа тешки моменти без родителите до нас, каде што ние бевме сами и малолетни. Но, можам да кажам дека тоа нè направи многу посилни, нè направи такви какви што сме денес. Ако се навикнете на живот во Европа, тогаш нема да имате проблем во која било држава да сте. Но, секако сè си има своја позитивна и негативна страна. Само тука можам да кажам – без поддршката од нашите родители, немаше да стигнеме до тоа каде што сме денес. Секогаш биле и ќе останат на наша страна.



Кои се вашите најголеми успеси во кариерата? Кога сте биле најмногу горди на самите себе?

Наташа: Најголемите мои успеси кои ми оставија трага се кога бев одбрана за златен играч на Европското до 19 години, кога бев најдобар стрелец во Лигата на шампионите, освојувањето на германската и шведската лига.. Ах секој мој мал успех ми е драгоцен.

Дефинитивно заедничкиот наш најголем успех е играњето на Европското првенство до 19 години кое се одржа во Македонија и плус со У–17 кога се пласиравме во втората фаза.

Како си го исполнувате времето надвор од фудбалските терени?

-Читаме книги, гледаме филмови, сакаме и двете да посетуваме нови и различни места, се дружиме со пријателите, особено со оние личности кои ни влијаат позитивно (се смеат).

Веруваме дека се имате запознаено со многу познати македонски и странски фудбалери. Кои се вашите најголеми идоли?

-И двете го сакаме Кристијано Роналдо, но на Сијче омилен и е одбранбениот фудбалер Канаваро.



За кој клуб навивате, надвор од женскиот фудбал?

Hala Madrid y nada mas!

И.Витановска



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Војна во Босна. Се шетаат Мујо и Хасо по улица и гледаат Унпрофорец погоден од снајпер. Дотрчуваат двајцата да му помогнат и Мујо вика:
- Хасо, ја идам по брза помош, ти за тоа...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните...
Верски календар
На денешен ден
1520. - Португалскиот морепловец Фернандо...
1632. - Роден е Жан Батист Лули, француски...
1680. - Во Рим умре Џовани Лоренцо Бернини,...
1806.- Француската армија на Наполеон Бонапарта...