ИСКРЕНО СО МАСИМО САВИЌ

Тајната на успехот е да тежнееш кон совршенство

Ако некој знае како да ја трогне македонската публиката со својата емоција,  тоа со сигурност е  хрватскиот пејач, Масимо Савиќ. Билетите за двата концерти, кои беа предвидени да се одржат во МОБ, се распродадоа со брзина на светлината, па за кратко беше закажан и трет.

Синоќа Масимо го имаше својот прв настап и како и многупати досега приреди вистинско емотивно шоу, во кое нè плени со својата харизма и неповторлив глас.  Впрочем тој секогаш го дава најдоброто од себе кога станува збор за неговата музика, затоа што како што и самиот вели сè додека тежнее кон совршенство, секогаш е на добар пат.

Масимо, како се чувствуваш секој пат кога треба да настапиш пред македонската публика?

-Секогаш кога ќе застанам на сцена пред публиката чувствувам дека морам да им го дадам својот максимум. Тоа се луѓе кои купиле влезница и кои ја сакаат мојата музика. Она што мора да го знаете е дека македонската публика има големи очекувања, впрочем и како секоја друга публика. Оние кои ја познаваат вашата музика верувам дека ќе се согласат со мене дека македонската народна музика е најубава и најмилозвучна од сите во регионот. Тој специфичен неправилен ритам, 7/8 и дава посебна убавина. На некој што пораснал слушајќи нешто толку убаво, едноставно мора да му се возврати на ист начин.

Твојот последен сингл „1000 ljudi“ e увертира за новото дискографско издание кое што се очекува оваа година. Можеш ли да ни откриеш нешто повеќе за новиот албум? Како течат подготовките?

-Сите песни се избрани и можеби имаме и повеќе од она што ни треба. Кога станува збор за аранжманот и продуцентскиот дел, туку и понатаму се Предраг Мартињак, Никша Братош и Иво Попески, но и некои нови автори. За прв пат соработувам со Маријана Јелениќ од групата Нола. Сакам да работам со автори од БИХ, па затоа тука ќе биде и Нихад Володер, кој има една прекрасна песна. Повторно ќе биде тука и Амил Лојо, кој ја напиша „Kladim se na nas“ за минатиот албум и песната „Ne dam grijehu na tebe“, а една песна напиша и Сергеј Четковиќ. За жал тука нема да биде Арсен Дедиќ. Да е жив би ми напишал барем една песна за албумот.

Соработуваше со Garo &Tavitjan Brothers за песната „Елено ќерко“. Како дојде до таа соработка и имаш ли омилена македонска песна?

-Гарабет Тавитјан беше тапанар во кој сите гледавме како во божество, кога се појавија Леб и сол. Неправилен ритам, богат звук...

Бев фасциниран кога го запознав. Тој тогаш беше силно врзан со окултизмот и езотеријата. Се запознавме кај легендарната Мирна Црнобори во Загреб, на забава на која беа и Elektricni orgazam, групата Film, EKV, Џони Шулиќ, Леб и сол и јас. Зборувавме за сè и сешто и ни требаа скоро 30 години за да започнеме со соработка.

Што се однесува на тоа дали имам омилена македонска песна, немам, но обожавам да слушам македонски народни песни.

Пред неколку години, кога во Универзална сала ја изведуваше „Krug u zitu“ не можев да ги задржам солзите. Дали само јас така ја доживувам таа песна или пак и ти си мошне силно емотивно врзан за неа?

-Таа песна секогаш ја чувам за крај на концертите бидејќи премногу ме потресува. Ни јас не сум имун на силата која ја носи таа песна...

На која музички уметник најмногу му се восхитуваш и зошто?

-Искрено му се восхитувам на Дејвид Боуви. Тој и од својата смрт успеа да направи посебен музички концерт. Секогаш бил визионер и пред своето време. Со еден збор, го сметам за гениј!

Дали во некој од денешните млади таленти можеш да препознаеш свој наследник и што му советуваш на секој кој ќе реши да заплива во музичките води?

-За жал не можам да препознаам свој наследник. Гласот е посебен инструмент, практично единствениот инструмент кој не успеал да се синтетизира низ модерната електроника.

Сè уште не можам да видам наследник затоа што не станува само збор за пеењето, туку и за харизмата кај младите луѓе. Харизмата е нешто недопирливо, нешто со што го пополнуваш просторот. Го пополнуваш со својата посебност, а не мораш ништо да речеш. Тоа се уште не можам да го видам кај денешните млади луѓе.

Што има ново на приватен план? Како ги поминуваш деновите?

-Нема големи промени на приватен план. Наскоро со сопругата Ени ќе прославиме 25 години брак – 27 години сме заедно, а ја имаме и ќерката Мирна. Горд сум на своето семејство и најмногу уживам кога сум во нивно друштво.

А, деновите најмногу ги поминува шетајќи го нашето милениче, германскиот боксер, Манго. Знаете, тој е куче кое сака редовни и долги прошетки, па тоа знае поприлично да ме окупира. Освен тоа барем 3 пати неделно одам на пилатес вежби, кои ми помогнаа да се справам со болката во грбот поради која мината година имав потешкотии.

Кој е најдобриот животен совет, кој што некогаш си го добил?

Маестро Силвије Глојнариќ во една прилика ми рече: Тежнеам само кон совршенство. Сè додека тежнееш кон совршенство си на добар пат. Сè што правиш во животот, треба да го правиш со тотална концентрација, за да можеш да го направиш најдоброто што можеш. Според мене тоа е тајната на успехот, а воедно и најдобриот совет, кој што некогаш сум го добил.

Н.Вуковиќ

ФОТО: М.Кристофиќ



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Еден човек среќава пират во бар.Пиратот има дрвена нога,кука и извадено око.
"Како ја доби дрвената нога?" го прашува цовекот.
"Имасе страсна бура на морето,и јас излетав во...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1620.- Стотина населеници, исклучени од верски...
1716.- Роден е англискиот писател Томас Греј....
1734.- Роден е англискиот сликар Џорџ Ромни,...
1792.- Роден е англискиот пронаоѓач и...