ИРЕНА ИЛИЕВСКА

Сум си одбрала професија која не ти ја дава таа привилегија да ја работиш ако не ја сакаш

Ирена Илиевска е млада и надежна актерка која многу добро ја познаваме од малите екрани или поточно од Македонските народни приказни.

Ирена ни открива дека сака да поминува време со своето куче Макси, зборува за новите проекти на кои работи, а воедно ни сподели и  каква е всушност во приватниот живот.

Луѓето те препознаваат по улогите одиграни во Македонските народни приказни. Како дојде до оваа соработка?

- Сосема случајно, но во вистинскиот момент. Туку што дипломирав, работев неколку месеци во Томато продукција. Откако таа соработка заврши останав без работа и си заминав на одмор. Кога се вратив, една моја драга колешка која веќе работеше во Канал 5 ми кажа дека има отворен конкурс за актери во Канал 5. Се пријавив, отидов на кастинг, по неколку дена ми се јавија и ме викнаа на разговор.Така започна целата приказна со македонските приказни и синхронизацијата на сериите. 

Колку уживаш во овој проект?

- Сум си одбрала професија која што не ти ја дава таа привилегија да ја работиш, ако не ја сакаш. Себична е, ако си се одличил за неа, те зема цел, те купува и нејзин си. Така да секако дека уживам и во овој проект, бидејќи правам нешто што е дел од мојата професија. Морам да признаам дека кога се вработив велев „театарот ми е прва љубов и не се откажувам од него, но додека не се отворат места по театарите, мора да се работи“. Сепак, многу скоро откако почнав да снимам се вљубив и во камерата и филмот воопшто.

Какво е чуството да се биде на сет кога се снимаат приказните? Има ли некоја интересна случка која би сакала да ја споделиш со нас, а се случила зад камерите?

- Ја снимаме моментално 5-тата сезона од македонски народни приказни на Канал 5. Јас сум веќе четврта година дел од овој проект. Намерно или ненамерно собрана е една одлична екипа од тотално различни профили на актери. На снимање знаеме да поминеме и по 12, 13, 15 часа заедно и имаме одлична комуникација, најверојатно се навикнавме едни на други по толку години. Сепак, работиме во автентични услови, некогаш е многу ладно, некогаш топло, а ние сме пренаоблечени итн. Па самите си правиме убава атмосфера за да поминува побрзо времето, а и да добиеме подобар продукт. Се пее, се кажуваат вицови, се зборува многу за театар, за филм, се прават проби, се снима, а на самиот сет на снимање се случуваат и многу интересни моменти кои произлегуваат од самите сцени. А, наместо да раскажам една интересна случка, ќе ургирам во режија да се измонтираат видеа со сите грешки кои ги правиме за време на снимање.

Освен во македонските народни приказни публиката те гледа и во некои театарски претстави. Дали според тебе одењето во театар кај Македонците е на задоволително ниво?

- Веќе спомнав погоре, сепак дипломирав на факултетот за драмски уметности, отсек актерска игра, учев за театар и тоа е тоа што најмногу сакам да го работам. Па од тука и будно ја следам состојбата и репертоарот во театрите низ државава. Позитивно сум изненадена, гледам дека публиката се враќа во театар. Еден период ми беше чудно ако некој приватно ми каже нешто за некоја претстава, а притоа да не е театарски човек. Сега веќе не е така и тоа ме радува. Ме радува и заинтересираноста на младите генерации за театар. Јас предавам веќе трета година во училиштето за театар „Од игра до претстава“ во Универзална сала. Училиштето веќе 6-та година функционира, а од година во година бројот на ученици ни се зголемува. Имаме околу 100 деца, распределени во 6 групи според возраста. Тоа воопшто не е мал број, што посебно ме радува.

Дали луѓето те препознаваат кога ќе те видат на улица?

-Хахаха...Да ме препознаваат. Сепак, телевизијата  се уште е најмоќен медиум, а и приказните се доста гледани.

Забележав дека имаш многу фанови на FB. Колку е важно да се остватува контакт со својата публика преку социјалните мрежи?

- Секако дека е важно. Ние работиме за публиката. За нив создаваме, за нив играме, креираме, тие се нашата најголема критика, ако ги немаме нив и ние не би постоеле. За кого би играле и за што, ако нема кој да нè слушне, на кого да кажеме нешто, на кого да поставиме прашање и да пренесеме свој став?!? Пробувам секогаш да ги сослушам и да одговорам на сите. Мислењето на публиката многу ми значи. А денес, најкористени се социјалните мрежи за комуникација и од тоа не можеме да избегаме.

Која е Ирена Илиевска приватно?

-Сосема обична и едноставна девојка, што сака и ја прават среќна уште поедноставни работи...Сакам слободно да си ја работам работата, сакам што почесто да сум со луѓето што ги сакам, сакам да се гушкам со Макси (моето куче) да патувам, да слушам музика (многу гласно) и да скокам како тинејџерка по дома хахаха...Сакам многу позитивни луѓе, сакам да читам, да гледам серии итн итн..Од дргата страна-коса ми се крева од лаги, лажни пријателства, лицемери, злобни души...А бидејќи сè што сакам успевам да постигнам да направам, а сè што мразам множам со нула, ете накратко која сум и што правам приватно.

Кое место во Македонија ти е најомилено и ти претставува прибежиште од реалноста?

- Само добра книга знае да ме однесе во друг свет и да ми биде психофизички одмор, релаксација и лек против лош ден. Па така,со добра книга во раце и вистинските луѓе покрај мене, каде и да се наоѓам, дали на планина или на плажа, времето ми се претвора во вистинско уживање.

Идни планови?

- Туку што завршив со снимање на филмот на Јани Бојаџи ''Здивот на ангелот'', а некаде на средина сме и со снимањето на новата сезона на Македонски приказни. Во најава има една нова театарска претстава, па едвај чекам да започнат пробите. А планови избегнувам да правам, затоа што велат „планови се прават, за да се расипат“, па затоа што ќе донесе времето...

Д.П



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Еден човек среќава пират во бар.Пиратот има дрвена нога,кука и извадено око.
"Како ја доби дрвената нога?" го прашува цовекот.
"Имасе страсна бура на морето,и јас излетав во...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1620.- Стотина населеници, исклучени од верски...
1716.- Роден е англискиот писател Томас Греј....
1734.- Роден е англискиот сликар Џорџ Ромни,...
1792.- Роден е англискиот пронаоѓач и...