Секоја промена во општеството започнува првенствено од нас самите

Оваа недела имавме прилика да оствариме кафе дружба со Горан Георгиев – претседател на Сојуз на Извидници на РМ и член на бордот на Мрдни со Прст, и со  Метју Франсоа – проект координатор на локалниот одред Просперитет од Шуто Оризари со кои помуабетивме за извидничките акции, како и иницијативата  „Мрдни со прст“.

Зборувавме што сè се прави со цел да се подигне свеста кај граѓаните за секојдневните проблеми со кои се соочуваме, општествената одговорност и откривме колкава е промената од досегашните вложени напори. Секоја промена во светот започнува најпрво од промената на сопствените навики со што се создава поттик и мотивација и кај останатите луѓе.

Каква е разликата од тоа кога ние бевме деца и денес односно како технологијата влијаеше врз извидниците?

Горан:  Разликата меѓу денес и ние кога бевме деца не е толку голема бидејќи потребите на децата и на младите се менуваат во зависност од трендовите на општеството. Има некои универзални потреби кои што на секој млад човек и секое дете му се потребни. Гледајќи низ призмата на извидничката организација нема некоја голема разлика, бидејќи сите деца сакаат да се социјализираат, сакаат забава, сакаат да се чувствуваат дека се дел од нешто, дека придонесуваат кон нешто. Можам да кажам дека тие работи се задржани и сега.

Технологијата позитивно влијае врз извидништвото. Ние секогаш гледаме дека таа ни помага да допреме до многу млади луѓе, а кога веќе тие користат технологија и многу социјални медиуми и сè почесто се пред компјутер и мобилен телефон, се обидуваме нашата организација преку социјалните медиуми да допре до нив и да ги извлече во природата за заедно да се дружат и развиваат со останатите нивни врсници.

Во какви се акции денес учествуваат тие и колкава е заинтересираноста да се учествува во едно извидничко друштво?

Горан: Извидниците учествуваат навистина во широк спектар на акции. Извидничката програма е наменета за да го поттикне развојот кај секој млад човек и секое дете од ментален, емоционален и физички аспект.

Тоа се акции за општествен развој каде што помагаат за заедницата која игра конструктивна улога во нивниот развој или се активности кои што придонесуваат кон сопствениот развој за да стекнат нови вештини и знаења или активности кои се насочени кон тимот и да се придонесе за останатите околу себе. За попластично да објаснам тие учествуваат навистина во многу активности во природа, кампови, хајкови, пешачења, маршеви, преживување во природа, градење на засолништа, ориентациони натпревари, игри во природа што се како што кажав и претходно со најразличен диверзитет и карактер.

Потоа учествуваат на многу тренинзи за лидерство, за развој на комуникациски вештини, за развој на организациски вештини, за сите вештини коишто тие ќе ги идентификуваат како сакани со оглед на тоа што нашиот концепт на младинската академија како наш тренинг бренд нуди секој млад човек да си го одбира тренингот, односно содржината на еден тренинг, учество на многу интернационални активности.

Младите од Македонија секоја година посетуваат најразлични извиднички локации. Од минатата година можам да ги набројам Јапонија, Исланд, Бразил, Америка, Африка.. Навистина секаде. И исто така многу млади извидници од другите држави доаѓаат кај нас за време на летото од Белгија, Франција, Англија, Германија, Шпанија..

Дел сте и од иницијативниот одбор на „Мрдни со прст“. Можете ли да ни кажете нешто повеќе за оваа иницијатива?

Горан: „Мрдни со прст“ е многу убава иницијатива која што има за задача да поттикне општествена одговорност кај граѓаните за самоиницијативно решавање на проблемите со коишто се соочуваат. Со оглед на тоа дека тоа е паралелно и сродно на мисијата на извидничката организација, ние се чувствуваме обврзани да бидеме дел од оваа иницијатива и да помогнеме во мобилизацијата на што повеќе граѓани како и во  подигнување на  нивната свест за тие самоиницијативно да идентификуваат и решаваат проблеми.

Заедно веќе организиравме неколку акции, но секако поддржуваме секаква иницијатива која ќе дојде од било кој граѓанин. Да сумирам,  одлична акција која што навистина треба да продолжи и во иднина бидејќи на нашето општество и му е потребно подигање на свеста за самоиницијативност и активност за придонес во нашата заедница.

Дали сметате дека имаме развиена свест за проблемите во нашето општество и дали ние сме општествено одговорни?

Горан: Сметам дека има многу да се работи. Постојат одредени категории на граѓани кај кои што има развиена свест и општествена одговорност, но реално мислам дека сме далеку од можностите на нашата држава гледано од граѓанскиот сектор, од граѓаните општо, па и во бизнис секторот. Навистина малку примери сведочат за тоа колку може да се направи со многу малку труд и многу малку желба. Ние константно сме пасивно општество во последните години, а од друга страна постои голем потенцијал во Македонија којшто треба да се искористи и да се работи на него.

Колкава е промената од досегашните вложени напори во многуте акции на Мрдни со прст?

Горан: „Мрдни со прст“ како иницијатива ја разбирам на два начина - едниот е подигање на свеста. Преку кампањата, рекламите и социјалните медиуми се работеше на подигање на свеста и мислам дека самата видливост и провокација кон граѓаните која доаѓаше од таа кампања предизвика успех. Особено голем успех постигнаа акциите кои се случуваа, а досега имаше повеќе од 40 акции од кои 20 годинава.

Ова е одличен почеток, но мислам дека допрва треба  да се работи и да се вклучат поголем број на граѓани за да стане национална кампања кон која сите ние барем еднаш во годината, ако не секој месец, ќе имаме обврска да ја промовираме, со која што ќе ги навикнеме граѓаните дека тоа е нешто вообичаено и дека тоа е дел од нивната култура на граѓанско живеење.

Затоа мислам дека сме на самиот почеток. Резултати постојат бидејќи се решаваа специфични проблеми, но за да биде навистина успешно,  мислам дека фокусот не треба да биде само на специфични нешта, туку на навикнувањето на граѓаните да го прават тоа постојано.

Мрдни со прст“ има и почесни членови. Дел од нив се и Тони Зен, Гоце Саф и Сашко Коцев. Колкаво влијание имаат јавните личности кон подигнувањето на општествената свест?

Горан: Мислам дека имаат огромно влијание особено луѓето кои што ги споменавте. Ние неколку пати се дружевме со нив во акциите и навистина со самото нивно доаѓање акцијата добива една друга димензија. Влеваат некоја енергија која што ги мотивира граѓаните да дојдат и да го прават тоа затоа што тоа е покул и поинтересно. Таму е Гоце или Тони или Сашко или некој друг, кој привлекува маса на луѓе. Така да тоа е апсолутно добар момент којшто постои во самата акција и мислам дека треба уште поголем број на јавни личности коишто ќе повикуваат бидејќи за жал јавните личности во Македонија имаат поголем допир до граѓаните од нас граѓанските организации.

Сега Метју имам прашање за тебе, како реши дека дојдеш во Македонија и да бидеш волонтер?

Метју: Во исто време бев волонтер за Франција и за Македонија, за извидници од Франција и за извидници од Македонија. Бидејќи  многу ми се допаѓаше тука постојано се враќав во Македонија и добив шанса да останам. И така решив  бидам волонтер.

Можеш ли да направиш мала споредба за тоа како нештата функционираат тука, а како во Франција? Што е првото што ти падна во очи кога дојде во Македонија?

Метју: Најпрво многу симпатичните луѓе. Вие многу сакате да се дружите и многу полесно ми е тука отколку во Франција бидејќи во Франција не сакаме толку да се отвориме со другите луѓе. Јас доаѓам од еден дел каде имаме многу планини и многу убава природа, а во Македонија е речиси исто, само не е толку чисто. Имате многу природни богатства, но има и многу голема разлика меѓу двете земји во однос на храната.

Ти си проектен лидер на првиот ромски извиднички одред во Македонија. Кажи ни нешто повеќе за овој одред.

Метју: Сметам дека со овој одред можеме да ги срушиме бариерите помеѓу извидниците бидејќи во извидничката организација сите сме исти без разлики и многу е важно за нас да имаме луѓе од секаде. Знам дека Ромите многу уживаат да бидат извидници бидејќи имаме само марами и можеме да се дружиме сите заедно без разлики.

Кои се следните планови ?

Метју: Нема крај. Треба секогаш да бидеме повеќе. Да правиме повеќе активности и работилници. За 2018-та година е планирана смотра во Македонија што ќе биде најголем и позитивен  настан за извидници каде што ќе има можност да се дружиме со останатите извидници од целиот свет. Настанот е закажан за јули од 14-ти до 22-ри и веројатно ќе има и други активности како зимувања во Градовци на планината Китка, секако ќе има активности секој месец да бидеме што повеќе интересни.

С.Велковска



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Како се викаат свекор и свекрва?
- Шап и лигавка!
А снаа?
- Луда крава!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1118.- Роден е кентерберјскиот надбискуп Томас...
1375.- Умре Џовани Бокачо, славен италијански...
1639.- Роден е Жан Расин, француски поет и...
1781.- „Патентот за толеранција“ кој го изработи...