ВО ЧЕТИРИ ОЧИ СО БОЈАНА СТОЈМЕНОВИЌ

Луѓето имаат погрешна претстава за психологијата

Бојана Стојменовиќ е нашиот денешен соговорник со кој ќе зборуваме за значајни теми како влијанието на стресот врз нашето расположение,  фрустрацијата на работното место, а воедно и за важноста на психологијата во современото живеење.

Како дојде до идејата да го создадеш Мој психолог?

- Мој психолог е идеја која што со години се развиваше во мојата глава.  Главната цел ми беше да пронајдам начин психологијата да им ја доближам на луѓето. Се уште постојат разни митови и предрасуди за мојата професија како на пример дека на психолог одат само луѓе со тешки проблеми и ментални потешкотии, а мене ми е предизвик да ги деблокирам тие погрешни ставови.

Приказната за Мој психолог започна како страна на Фејсбук на која што секојдневно објавував разни содржини од областа на психологијата кои покриваа многу различни теми. Потоа приказната ја продолжив преку одржување на психоедукативни работилници со теми за кои што увидов дека се најзастапени кај нас, а сето тоа заедно допринесе да се формира Мој психолог. Се уште главна идеја и цел ми е да ги информирам и будам луѓето за процесите кои што се случуваат длабоко во нас, да освестувам делови од несвесното и да им помагам да ги надминат потешкотиите.



 Колку често стресот влијае на расположението кај луѓето?

- Замислете дека неколку минути  во едната рака држите високо едно пенкало. Најверојатно раката нема да ве заболи доколку во таа положба останете десет или дваесет минути. Но, можеби по половина час, или пак неколку часа веќе ќе почувствувате болка и трнење низ раката, вратот и грбот. Така е и со стресот, за неговата присутност во секојдневниот живот најчесто не сме свесни се додека не го почувствуаме неговото негативно влијание. Најчесто неговото влијание можеме да го забележиме преку промената на расположението, честите главоболки, нарушувањата во исхраната, анксиозното расположение и сл. Не е виновен стресот, сите ние секојдневно сме изложени на разни стресогени фактори, од нас зависи како ние истите ќе ги перцепираме и како се справиме со нив во зависност од нашите вештини и капацитети.

Анксиозноста полека, но сигурно станува болест на модерното време. Зошто толку многу луѓе патат од оваа состојба?

- Луѓето патат од анксиозност затоа што тоа е болест на модерното време или пак анксиозни се затоа што тоа е сега модерно. Денес многу често можам да слушнам како некој кажува дека е анксиозен или депресивен без притоа навистина да разбира што значат овие состојби. Ансиозност и депресивност не се само намалено расположение, туку се навистина сериозен проблем кој расте на глобално ниво.

Не можам да кажам дека постои една единствена причина поради која се јавуваат, но според моето искуство станува збор за повеќе фактори кои делувајќи заедно носат штетни последици. Клучно е да промените кои што настануваат во однос на расположението, однесувањето и емоциите побргу се увидат и да се побара консултација и помош од стручно лице. Не треба да дозволиме да живееме премногу долго притиснати од обрачот на анксиозноста,  треба да уживаме во животот со полни гради.



Многу од нас кога станува збор за работата тргнуваат од финансиските потреби, а не од задоволството на самата работа. Зошто е толку тешко да се излезе од тој шаблон „работам за пари,а не од задоволство“ ?

- Не е проблем шаблонот „работам за пари,а не за задоволство“ туку станува збор за нешто што е наметнато. Моментално се случува нов тренд, нов бран или пак нова иницијатива од страна на помладите генерации, а тоа е ориентираноста кон својот професионален раст, развој и кариера. Таа трка е реална и е помеѓу парите, статусот и позицијата, наспроти личното задоволство. Не велам дека ова правило важи за сите, затоа што постојат луѓе кои што мотивацијата и задоволството ги остваруваат преку финансиите кои што ги заработуваат. Ова прашање опфаќа малку пошироки теми и мислам дека би биле одлична тема за некој наш следен разговор.

Често пати фрустрацијата на работното место создава индивидуи кои што се конфликтни и агресивни во пристапот на работата, а воедно и кон своите колеги. На кој начин треба да им се пристапи на овие луѓе?

- Не мислам дека фрустрацијата на работното место може да го направи човекот агресивен. Ние луѓето сите сме толку многу слични и толку многу различни. Поседуваме различни карактерни особини кои што на работното место може да бидат и поистакнати како што е агресивноста. Бидејќи стресот е честа приказна на работното место, тој знае да го намали прагот на толеранција, па затоа имаме колеги кои што се нетрпеливи, раздразливи, упатуваат негативни коментари и понекогаш се агресивни. Можеби она што е потребно е повеќе да се вклучат психолозите во овој сектор и да се работи  на градење и зајакнување на тимските вештини, начинот на комуникација и начинот на разрешувањето на конфликтите.



Колку технологијата влијае врз психолошката состојба на луѓето, бидејќи секојдневно сме изложени на неа (компјутери, паметни телефони, телевизија) ?

- Денес буквално сè ни е на дофат. Доколку сакаме да го погледнеме најновиот филм не мора да одиме во кино, туку ќе го погледнеме дома на компјутер. Ако сме гладни не мора да излеземе туку ќе го земеме телефонот и веќе имаме избор од неколку угостителски објекти кои што ќе ни ја достават храната. Љубовта и близината се бараат на истиот начин, преку социјалните мрежи ние сме во секојдневен контакт со пријателите, па не мора да се гледаме со нив толку често. Многу љубовни приказни започнуваат токму преку социјалните мрежи, а преку нив истовремено се одржуваат или пак прекинуваат. Многу е изменет ритамот на човекот иако човештвото моментално живее во своите највисоки достигнувања. Реалната слика е дека човекот станува пасивно, аутистично битие. Низ таа пасивност можат да произлезат многу состојби како што се анксиозност, депресија, стравови и чувство на отфрленост.

Си патиме од главата и си патиме од срцето. Кој проблем потешко се лечи?

- Нема според мене полесен или потежок проблем за решавање. Секој проблем може да се реши доколку на време се идентификува проблемот, се интервенира, се следат терапијата и советите и во целиот тој процес клиентот активно учествува. Затоа јас се залагам за одржување на менталната хигиена и препорачувам да се практикуваат советите од нас психолозите.

Д.П.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Како се викаат свекор и свекрва?
- Шап и лигавка!
А снаа?
- Луда крава!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1118.- Роден е кентерберјскиот надбискуп Томас...
1375.- Умре Џовани Бокачо, славен италијански...
1639.- Роден е Жан Расин, француски поет и...
1781.- „Патентот за толеранција“ кој го изработи...