ДАНКАН ЛОРЕНС, ПОБЕДНИК НА ЕВРОВИЗИЈА 2019

Од најголемата грешка може да настане најдобрата песна

Песната е тажна приказна за моја другарка која почина многу млада

Пред две недели, сцената во Експо Тел Авив дело на Флориан Видер од Германија, беше место на одржување на финалната вечер на годинашниот 64-ти по ред избор за Песна на Евровизија.



Победник е 24-годишниот Данкан Лоренс од Холандија со песната „Аrcade“. Со освоени 498 поени (трет од стручното жири и втор од телевоутингот) Данкан по 44 години и ја донесе петтата победа на изборот на својата земја по победите во 1957, 1959, 1969 и 1975 година.

Честитки за победата! Како се чувствувате после победата?

-Многу сум возбуден, радосен и опуштен. Им благодарам на сите во Европа и во Австралија што гласа за мене!

Беше ли тешко да победите?

-На некој начин да. Бев многу нервозен и чувствував огромен притисок пред секој настап на сцената. Знаете дека пред изборот и за време на одржувањето, јас бев секогаш прв на обложувалниците и постојано се зборуваше за мојата песна. Од друга страна, нашата делегација и пред доаѓањето во Израел имаше план што во случај да победиме. Сега сето тоа стана реалност и многу сум задоволен. Впрочем така и се чувствував кога ја изведував победничката песна и верувам дека тој настап беше најопуштен.



Што за Вас значи оваа победа?

-Со оваа победа мојот сон стана стварност, навистина стана стварност! Мојата кариера започна пред една година и еве ме сега овде. Бев фаворит, но сепак бев и претпазлив, зашто на Евровизија се е можно. За моја среќа, предвидувањата се остварија. Тоа и ми се вртеше во главата кога повторно ја пеев победничката песна, односно делот кој вели: “Small town boy in a big arcade…”

Мотото на годинашниот избор за Песна на Евровизија беше “Осмели се да сонуваш”. Што сонувате понатаму, кои се Вашите идни планови?

-Јас верувам во себе, во мојот талент и во мојата музика. Ги почитувам и ги сакам луѓето и тоа сакам да го покажам преку мојот талент. Немам конкретни планови, но сакам да соработувам со колеги од Евровизија, како на пример Џон Лудвик и Манс Зермелоу од Шведска.

Како настана песната Arcade?

-Песната е тажна приказна за моја другарка која почина многу млада. Приказната за невозвратената љубов ми се вртеше долго време во мојата глава се до минатата година кога со Жоел Сјо и со Вутер Харди ја обликувавме и ја спакувавме во три минути. Би рекол дека од најголемата грешка може да настане најдобрата песна.



Дали и сценскиот настап беше намерно осмислен да биде минималистички?

-Точно. Сакав да се почувствува емоцијата, да доминира песната и гласот. Јас секогаш се доживувам како човекот зад пијаното. Таму на столчето се чувствувам најсигурен. Тоа и се допадна на публиката на мојот прв концерт на 1-ви мај во Холандија, а очигледно и на публиката на Евровизија.

Приватно, кој е Данкан Лоренс?

-Данкан Лоренс не постои. Се шегувам. Моето вистинско име и презиме е Данкан де Мор. За да биде поприфатливо, името остана, но презимето е земено во чест на мојата мајка Лорентиа. Мојот прв јавен настап беше пред 5 години кога се пласирав во полуфиналето на петтата сезона од шоуто The Voice of Holland. По студиите на рок академијата во Тилбург продолжив да пишувам песни и да ја градам мојата соло кариера.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Учителката во школо видела неколку деца како прават фаци додека си играат, па ги предупредува:
- Деца, кога бевме мали нас н&ицирц; учеа дека кој прави грди фаци ќе остане таков...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1562. - Во Мадрид е роден Феликс Лопе де Вега,...
1758.- Британците го окупираа Сенегал.
1763.- Умре францускиот писател Прево, познат по...
1783.- Последните британски војници го напуштија...