Карл Мугли, од Минесота си ја убил сопругата Линда со која бил во брак цели 24 години. Оружјето со кое го извршил злосторството не е нож, пиштол или некој друг вид на оружје, туку столб-тотем.
Двајцата имале свој бизнис, работилница и продавница за создавање на тотеми, и еден од тие тотеми ја чинел живот. Но, иако најпрво полицијата ја означила нејзината смрт како несреќен случај, по откривањето на мејловите кои ги испратил нејзиниот сопруг, полицијата открила дека тој го бутнал столбот тежок 300 кила врз неа.
Според пишувањата на американските медиуми, сопругата дознала дека Карл имал љубовница и му побарала развод. А тој сметал дека со необичното оружје, нема никој да го посочи за осомничен.
Моментално Карл чека да започне судењето, во кое тој се товари за убиство со предумисла.