Пет кози кои слободно си шетале низ улиците на Особо, град во Нигерија утре ги очекува судење. Тие се обвинети за нарушување на мирот и законот за заштита на околината.
Како ќе се бранат пред судијата, никој не знае, но наводно тие се обвинети затоа што ја јаделе тревата и извршувале физиолошки потреби без никаква дозвола.
Дел од жителите го осудија ова бизарно судење, кое како што се изјаснија се исмева само на судството во оваа земја и ништо повеќе.
Каква ќе биде пресудата? Дали ќе бидат прогласени за виновни, останува да видиме.