Хирурзите во една болница во Германија заборавиле дури 16 хируршки инструменти во телото на пациентот додека го оперирале.
Пациентот подлегнал на хируршка процедура за да му се отстрани ракот на простата, но починал по операцијата. По аутопсијата било утврдено дека во телото имал 16 инструменти, кои најверојатно биле одговорни за смртта.
Семејството на починатиот сега ја тужи болницата бидејќ смета дека тој починал поради внатрешното крварење од инструментите, а не од ракот за кој се оперирал. Тие сметаат дека нивниот роднина би можел да живее уште многу подолго ако само му бил остранет ракот.
Меѓу инструментите кои ги оставиле хирурзите биле игли, завои долги 15 сантиметри, компресор и дел од хируршка маска.