Микел Руфинели, од Лос Анџелес се верува дека ги има најшироките колкови на светот. Триесет и деветгодишната жена има колкови со широчина 2.4 метри, и најголем фан на нејзините облини е нејзиниот сопруг.
Таа има телесна тежина од 190 килограми, и признава дека и покрај абнормалната широчина на колковите, нема некои поголеми потешкотии во секојдневниот живот. Единствено таа мора да влегува странично низ врати и вози камион, бидејќи во обичен автомобил не и собира колковите.
И покрај тежината, таа не планира да држи диети бидејќи како што вели си ги обожава облините.