Откако Сесл Чао во септември минатата година понуди богат мираз за мажот кој ќе ја убеди неговата 30-годишна хомосексуална ќерка да се омажи за него, кинескиот милијардер примил илјадници понуди кои ги упатил на неговата ќерка Гиги.
- Немам време да разговарам со сите 20.000. Оној кој ќе ја освои Гиги, ќе ужива во умерено луксузниот живот, рече тој, но потврдува дека понудата од 47 милиони евра и понатаму постои.
На овој чекор се одлучи кога од печатот дознал дека неговата Гиги во Париз се омажила за нејзината девојка Шин Јеунг, со која е во врска веќе седум години.
- Гиги е се уште млада и убава. Има уште 70 отсто од животот да го живее, рече Чао, кој откако ја дал понудата го опседнуваат жени кои би се омажиле за него.
За да им покаже што подразбира под „умерено луксузен живот“, Сесил Чао ја отвори вратата од неговиот дом за новинарите на британски „Телеграф“.
Неговата вила „Хепи Лоџ“ на западниот брег на островот Хонг Конг, вредна стотина милиони хонгконгшки долари, има четири нивоа и површина од 1.500 квадратни метри.
Од дневниот претстој во форма на круг со стаклен ѕид се гледа преубав поглед на песочниот залив.
Во собата, меѓу другото, се наоѓа позлатена софа, концертен клавир и неколу впечатливи модернистички скулптури на Пикасовиот современик, Ботељи.
Кинеската уметност лакирање, сликите изработени со туш и будистички орнаменти се совршено вклопени со европскиот антички мебел.
Сесил Чао е роден во релативно сиромашно семејство во Шангај, но татко му се збогатил како бродоградител. По завршувањето на студиите на универзитетот во Дурам, Сесил изградил сопствена импрерија. Неговиот раскошен дом се наоѓа во станбената населба наречена „Вила Сесил“, во која се наоѓаат некои од најпосакуваните станови во Хонгконг.
На прашањето зошто толку му е важно ќерка му да се омажи за маж, Сесил рече:
- Не би ја терал да се мажи за маж, но секако повеќе би сакал да се омажи и да добијам внуци, објаснува тој.
А што на тоа вели неговата ќерка Гиги?
- Во почетокот тоа ме забавуваше, а потоа сфатив дека имам голема среќа што татко ми толку многу ме сака. Не е работата во тоа дека тој не може да ме прифати. Тој само не може да се помири со односот на општеството кон лицата како што сум јас, објасни таа.
Сепак, откако за само недела дена примила речиси две илјади имејлови, стотина писма и телефонски повици од просители од целиот свет, Гиги побарала од татко и јавно да ја повлече понудата. Очигледно, без успех.