Четворица млади од местото Јуксеков, во близина на тускара источна покраина Хаккари, после четиридневното напорно работење направила 10 метри долг брод од снег.
Мурат Тиран, Кума Акдоган, Ераџан Акдоган и Аридф Акдоган, носејќи снег од друго места во центарот на Јуксеков, направиле брод од снег долг 10 метри, широк 3,5 метри, а на бродот направиле и гулаб како симбол на мирот.
Делото на четворицата млада го привлече вниманието на бројните жители. Кои секојдневно го посетуваат снежниот брод.
Ераџан Акдоган соопшти дека имале потешкотии при изработката на бродот, затоа што снегот постојано паѓал, но оти соседите им помагале.
- Се собравме и одлучивме да направиме нешто досега невидено. Одлучивме да направиме нешто што ќе биде симбол на мирот. Беше напорно да се собере снегот, затоа што ни требаа огромни количини. После тоа го направивме и гулабот кој го симболизира мирот. Беше тешко, но успеавме. Жителите на нашето место се многу задоволни и од нив добивме честитки, вели Акдоган.