На југот на Германија, во селото Гајзаш, одржани се уште едни традиционални скокови со санки.
Во скоковите, кои се одржуваат уште од 1928 година учествуваа над 70 тима. Сè започнало како облог меѓу два житела на наведеното село од југот на Германија.
Патеката за залетување пред самиот скок е долга околу 1.500 метри, а досега најголемата забележана должина на скок со санка изнесува 25 метри.