Деветгодишното девојче Дафне, од Мексико кое во јануари роди бебе, е стерилизирана од страна лекарите, и никогаш повеќе нема да може да роди уште едно дете.
Одлуката на лекарите била донесена и извршена без согласност на мајката, потег која ја разбранува мексиканската јавност. Според медиумите, нејзината мајка, работи како проститутка и ја запоставувала малата Дафне, а моментално се работи на ДНК тестови за да се открие кој е таткото на бебето. Се верува дека е или 15-годишно момче од Гвадалахара, градот во кој живее Дафне или нејзиниот очув кој сексуално и физички ја злоставувал.
Малата Дафне според изјавите на соседите не посетувала училиште, туку се грижела за домаќинството и за 10-те браќа и сестри.
Според мексиканските закони, строго казнив е сексуален акт со личност помлада од 15 години, па дури и ако има согласност.