За што сè служат моливите?

Чуваме многу работи дома, но дали 50% од нив знаеме да ги искористиме на повеќе начини? На пример моливите, мислите дека може да ги користите само за пишување?

Имаат многу повеќе намени, а ова се некои од нив

Полесно отклучете ја вратата

Вашиот клуч е „тврдоглав“ и не можете да ја отклучите вратата? Со гумата од моливот протријте ги запците на клучот неколку пати, тоа би требало да ви ја олесни работата.

Заштитете се од молци

Изострете моливи и остатоците чувајте ги во кесичка во плакарот, бидејќи струготините од моливи ги чуваат вашите алишта од молци.

Немате со што да ги зацврстите обетките?

Доколку сте го изгубиле делот со кој се затвора обетката, искористете ја гумата од моливот за да го направите тоа. Мека е и не ја оштетува кожата, а вие нема да ги загубите омилените обетки.

Целосно искористете ја пастата за заби

Мачно ви е секогаш до крај да ја истискувате пастата за заби? Земете молив и олеснете си ја работата со тоа што ќе ја намотате тубата околу моливот.

Лесно исчистете ја калта од чевлите

Ова можете да го направите со двата краја од моливот, со гумата и со остриот дел, бидејќи сите знаете колку е мачно да се чистат чевли полни кал.

Отстранете го лепилото

Ви се случило ли да лепите работи на ладилникот, масата или пак шкафчето, а потоа при одлепување да останат траги од лепилото? Отстранете го целосно со помош на гумата од моливот.

Исчистете си го телефонот и тастатурата

На најлесен начин направете го тоа, бидејќи навистина е потребно да се секогаш чисти. За тоа ви е потребна гумата на моливот, поради тоа што ја собира секаде.

Имате проблеми со патентот?

Се заглавува па понекогаш не можете да се справите со алиштата кои имаат патент? Со помош на гумата од моливот неколку пати поминете по целиот патент и сè ќе биде во ред.

Рамките на ѕидот секогаш се криви?

Вашиот проблем веќе е решен. Земете неколку моливи и отстранете ја гумата од задната страна. Залепете на ѕидот онолку парчиња колку што е потребно за да ја потпрете рамката на нив, па така таа никогаш повеќе нема да се помести.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Учителке, учителке, овој Трпе фрла по мене со неговата столица!
- Добро де, фрлај и ти по него!
- Ама учителке, јас имам ретка столица!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на студентската...
1558.- Умре англиската кралица Мери I Тјудор,...
1587.- Роден е холандскиот писател Јост ван ден...
1755.- Роден е францускиот крал Луј XVIII, кој...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби