На Самсоненко му се брза, Вардар мора да стане европски шампион за три години!
![](http://images.idividi.com.mk/images/eden12.jpg)
Ракометарките на ЖРК Вардар го започнуваат походот кон фајнл форот на лигата на шампионите на 2 февруари. Претседателот и тренер на клубот, Гордана Нацева и Индира Кастратовиќ ќе гостуваат во новата епизода од Еден на Еден. Во најавата најпознатите македонски ракометарки зборуваат за газдата на клубот, познатиот Сергеј Самсоненко, нетипичниот приод на Индира како тренер како и за интересниот муабет меѓу Сергеј и Гордана за тоа колку време е потребно за Вардар да стане најдобар клуб во Европа и светот.
Гледајте ја новата Еден на Еден оваа недела на тв Алфа на MaxTV, во 20.40h