Сплитската полиција уапсила средовечен маж (48) кој се проституирал наплатувајќи им на машките муштерии по 26 евра за услуга.

Сето тоа не би било необично доколку еден хрватски весник не објави необичен наслов „Уапсен проститутак“.
Непостоечкиот збор предизвика урнебес на друштвените мрежи, а зборот проститутка, изречен во машки род стана предмет на разни шеги.