ПЕТОК ДЕН ЗА КОЛУМНА:

Ако љубовта ви вреди колку една банкнота, тогаш колку вредите вие?

Парите го вртат светот – Џон Кандер

Дваесет и првиот век е време кога невозможното станува возможно, белото што го гледаме всушност е црно и љубовта „цвета“ на сите страни! Вакви времиња никогаш не сме живееле. Барем не јас. Кога бев помлада, верував во вистинска љубов, која се добива со искрени погледи, допири и чувства, изливи на љубов и безброј бакнежи, но по некое време почнав и самата да се смеам на тој вид на љубов.



Боже мој, дали постои таква љубов, каде што сè е искрено и невино? Сигурно тие љубови се бројат на прсти. Но, затоа најзастапени се оние каде што секој пробува да го купи секој еден кој му се допаѓа и тоа благодарение на парите. Некои тоа го прават прикриено и со стил, а други на многу низок и дрзок начин. И на едните и на другите им успева, затоа што имаат пари! Едноставно - пријателите те дружат бидејќи имаш пари, комшијата те вика на слави бидејќи имаш пари, девојка ти не те остава бидејќи имаш пари (иако не се твои туку на татко ти), а колешките флертуваат со тебе затоа што имаш пари! Колку прекрасен свет! Свет од корист! Свет во кој на сите ни светнуваат очињата кога ќе се задружиме со некој кој е богат.

Но, светкањето на очи некогаш може скапо да чини. Погледнете што им се случи на Американците. Го видоа Трамп дека располага со милијарди и тие се затрчаа да го гласаат, без да ги слушнат неговите планови за во иднина. Но, верувајте дека за некое време, кога парите ќе ги снема, ќе им текне каква тешка грешка направиле.



Истото се случува и со секојдневните ситуации. Сите те сакаат кога имаш пари, а ако ги снемаш е тогаш сфаќаш кој навистина те сака. Само двајца, мајка ти и татко ти, дури и твојот брат или сестра е прашање дали ќе те сакаат без пари, сè во зависност од вашиот однос. Нареден пат кога ќе се замислите дали имате вистински пријатели, запрашајте се дали самите сте ги избркале со вашето однесување или сте се поставиле повисоко од нив. Можеби во вашите или нивните пари е вината, но тоа се само хартии, на кои вие им ја одредувате вредноста. Ако љубовта кон нив ви вреди колку една банкнота, тогаш колку вредите вие?

Ваша, А

Колумните објавени на Порталот ИДИВИДИ изразуваат лични мислења и ставови на авторот. Редакцијата на ИДИВИДИ се оградува од истите и во никој случај не се ставови на Порталот како медиум. Одговорноста за изнесеното во текстовите, стилот и начинот на изразување е исклучиво на авторот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Како се викаат свекор и свекрва?
- Шап и лигавка!
А снаа?
- Луда крава!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1118.- Роден е кентерберјскиот надбискуп Томас...
1375.- Умре Џовани Бокачо, славен италијански...
1639.- Роден е Жан Расин, француски поет и...
1781.- „Патентот за толеранција“ кој го изработи...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби