ПЕТОК ДЕН ЗА КОЛУМНИ:

Една куќа со две жени секогаш е многу тесна

Балканскиот менталитет се уште има некои традиции кои луѓето си ги почитуваат и никако не им дозволува на младите да напредуваат онака како што е модерно и како што тие сакаат.

Чист пример за тоа е односот свекрва-снаа, кој до ден денес, а верувам дека и уште долги години ќе биде напнат, полн со злоба и омраза и сето тоа само за еден маж! Мажот на едната и е син, на другата сопруг. Ако тој заземе една страна, отиде или бракот или блискоста со мајка му.

Уште кога ќе стапне невестата во куќа кај нејзиниот сопруг, роднините веднаш поставуваат најразлични прашања: И ти се обрати со „мамо“? Што мираз си донесе од дома? Знае да готви? А, со син ти како се однесува? А, со ќерка ти? А, подобра е од другата снаа?



Ако пак новопечената снаа е бремена (што е многу чест случај во денешно време) е тогаш има безброј дискусии за името. Старите знаат, ако е машко ќе го носи името на свекорот, ама ако е женско името на свекрвата, нема тука што да се мисли многу, без разлика дали се тоа стари имиња од типот на Стојко и Петранка. Го уништувате бебето уште неродено само за билдање на вашето его!

Од друга страна пак, бабата на невестата ја советува: Стави го името на свекрвата, ти ќе бидиш снаата која повеќе ќе ја сакаат, ќе ти помагаат, нема да се карате... Каде го пишува тоа правило? Дали постои гаранција дека ќе има мир во куќа ако бебето го носи името на свекрвата?



И двете се змии. Едната затоа што опседнато си го сака синот и постојано се грижи исклучиво само за него, без да сфати дека тој веќе си има своја фамилија и се грижи за уште два-тројца зад него и си има брачен партнер, а другата затоа што и љубомори на мајката што има така близок однос со синот и успева да „става пипер во секоја манџа“. Проблемот е што старите не можат да сфатат дека младите имаат свои сфаќања и свој начин на живот, кој е поразличен од нивниот.

- Јас на мојата свекрва никогаш не сум и рекла ништо, оваа мојата снаа е лута и бесна за сè што ќе и кажам. Па и ми одговара на се што ќе и кажам!

А, што очекуваш да ти ќути, а ти да ја толчиш? Не! Биди среќна што снаа ти знае на сè да одговори, знае што да каже во вистинскиот момент, затоа што ти ако си ќутела, снаа ти нема да ќути, ниту пак твоите внуци. Никој нема да ги прави будали и ќе знаат да одговорат.

Ако пак сметаш дека тоа е лош начин, односно лошо се однесува, можеш при разговор отворено и со одбрани зборови да и кажеш што мислиш. Сепак, не треба да ја повредуваш жената која син ти ја избрал за животен сопатник и која го задоволува без пари, па затоа е постојано насмеан и весел. Таа е причината за тоа.



А, вие снаи, потрудете се да бидете поразбирливи за постарите. Тие поминале многу работи и сметаат дека знаат сè и затоа се мешаат во сè. Нареден пат, смирено и со весел тон одговорете и дека знаете како треба и дека ако сакате совет од неа ќе ја прашате без да се двоумите. Таа да не била, немало да го сретнете и вашиот сопруг, па можеби ќе било бетер.

Затоа заковајте ги секирите и уживајте во хармонијата. И за крај, драги мажи, знаеме дека една куќа е многу тесна кога има две газдарици, но сега тоа е и дом на вашата сопруга. Покажи и дека ти значи и дека таа е газдарица, а твојата мајка може да дојде на помош кога ќе ви притреба, бидејќи ништо друго не и останува освен да се грижи за своите внуци и да притрча на помош кога ќе ја побарате.

Ваша, А

Колумните објавени на Порталот ИДИВИДИ изразуваат лични мислења и ставови на авторот. Редакцијата на ИДИВИДИ се оградува од истите и во никој случај не се ставови на Порталот како медиум. Одговорноста за изнесеното во текстовите, стилот и начинот на изразување е исклучиво на авторот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Како се викаат свекор и свекрва?
- Шап и лигавка!
А снаа?
- Луда крава!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1118.- Роден е кентерберјскиот надбискуп Томас...
1375.- Умре Џовани Бокачо, славен италијански...
1639.- Роден е Жан Расин, француски поет и...
1781.- „Патентот за толеранција“ кој го изработи...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби