ПЕТОК ДЕН ЗА КОЛУМНА

Самите си го вперуваме пиштолот на тивкиот убиец

Во градовите конечно се почувствува новогодишната атмосфера, благодарение на големите елки накитени во центарот на градовите и разнобојните сијалички кои ги осветлуваат улиците.

Додека им се радуваме на новогодишните и божиќните празници, почнуваме и дома да си китиме, бидејќи повеќе можеме да се радуваме на домашните украси отколку на оние надвор. Па како да го прошетам моето дете до центарот на градот, кога воздухот е енормно загаден? Да го ризикувам неговото здравје само за да ја виде накитената елка? Не! Во никој случај! Со оглед на тоа дека елката свети навечер, а воздухот навечер е најзагаден, се трудам да не излегува од дома кога се враќа од училиште. Најверојатно не сум единствениот родител кој тоа го прави. И јас самата се чувствувам како да сум во затвор! Се гушам од воздухот, од високите згради, а дрвја скоро и да нема! И тоа не е само случај во главниот град. Загадувањето е на високо ниво и во Гостивар, Тетово, Битола... Во најголемите градови во земјава! Ако не реагираме тоа е исто како самите да си го „вперуваме пиштолот“ на тивкиот убиец кон нас.



Зошто како граѓани на ова општество дозволуваме други да си играат со нашето здравје? Зошто да не покренеме иницијатива и самите да се запрашаме што се случува? Па луѓе, ние самите сме виновни! Сфатете го ова како апел: Не возете автомобили, не палете оган и потрудете се што е можно почесто да не ја загадувате околината. Загадениот воздух е тивок убиец кој секоја година, особено во зимскиот период, зема сè повеќе жртви. Дури 40% од смртните случаи, што е речиси половина, се последица на штетните ПМ 10 честички, кои се искачуваат за пет пати над нормалната и дозволената граница!

Како граѓани, наша обврска е да делуваме онака како што ние можеме, настрана од владините мерки. Како што може да забележиме, моментално политичките лидери попрво ќе се испотепаат за кој да дојде на власт, оставајќи ги своите граѓани да се гушат од аерозагадувањето, отколку да преземат некои мерки. Мора самите да си помогнеме и да се обидеме да се спасиме самите себе. Престанете да одите до Водно по дрва за огрев, бидејќи Водно и онака веќе нема дрвја поради скапите комплекси кои што се градат таму, а за кои граѓаните ништо не знаат.



Не делувајте незаинтересирано, бидејќи и вие може да сте жртва на овој поган воздух кој го дишеме! Не барајте прибежиште на некоја планина, затоа што 5 дена мора да сте во градот, па 2 дена на некоја планина нема ништо да ви помогне! Ова е ваша земја! Вие треба да реагирате и вие МОРА да го повишите својот глас! Почнете од себе, а завршете со гласот на сите ваши драги луѓе кои си ги сакате. Свеста на народот мора да проработи, за потоа и властите да се заинтересираат за нивните граѓани.

Ваша, А

Колумните објавени на Порталот ИДИВИДИ изразуваат лични мислења и ставови на авторот. Редакцијата на ИДИВИДИ се оградува од истите и во никој случај не се ставови на Порталот како медиум. Одговорноста за изнесеното во текстовите, стилот и начинот на изразување е исклучиво на авторот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Како се викаат свекор и свекрва?
- Шап и лигавка!
А снаа?
- Луда крава!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1118.- Роден е кентерберјскиот надбискуп Томас...
1375.- Умре Џовани Бокачо, славен италијански...
1639.- Роден е Жан Расин, француски поет и...
1781.- „Патентот за толеранција“ кој го изработи...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби