Една од најактуелните теми поради која и во 21-от век се кршат копја е токму религијата. Секое лице има став околу тоа дали ќе верува во науката, односно Дарвиновата теорија или пак на тоа дека светот настанал од виша сила.
Понекогаш токму токму верувањето во Бог оди во крајност и доследност со фатални последици.
Деновиве на Фејсбук случајно видов објава во група за самохрани мајки во кој се бара совет за девојка која останала бремена.
Да појаснам...Ситуација која би можела да и се случи на секоја девојка. Заљубена е во погрешна личност со која е во долга врска каде има непланирана бременост, а момчето не е подготвено за преземање на одговорноста и чување на детето. Што понатака?
Дали детето би можело да има нормален живот во кој љубовта на едниот родител ќе биде доволно силна за да ја надополни љубовта на другиот? Дали само еден родител ќе биде во можност да се справи со финансиските проблеми и да му ги обезбеди сите основни потреби на детето?
Понесен од љубопитност сакав да ги дознаам мислењата на останатите членови на групата. Постот имаше повеќе од стотина коментари и две најчести решенија за проблемот.
Наеднаш налетав на коментар кој во мене разбуди негативни чувства и огорченост. Совет од одредена членка дека детето е дар од Бог и доколку се одлучи на абортус ќе добие казна од него, по што ќе заврши во пеколот. Пеколот?! Сериозни сте???
Доколку се одлучи да го задржи, Бог ќе и помогне детето да добие сè што му треба и секоја пречка чудесно ќе исчезне. Просто се зачудив...Зарем постојат луѓе кои навистина мислат дека Бог ќе и ги реши прблемите на оваа девојка?!
Дали навистина е подобра одлука детето да се донесе на свет и да живее во пеколни услови доколку мајката не се чувствува подготвена да се справи со дадената ситуација?
Жално е да се убие еден уште непочнат живот, но уште пожално е да се убива роденото дете поради финансиски, психички и други икс причини. Најстрашното од сè е што мајката која што признава дека не е способна да го роди тоа дете треба да гори во пеколот и да ги носи последиците на својот грев. Во 21 век кога ги уживаме сите права и слободи, некои луѓе се уште мавтаат со прст кон Бог и ги осудуваат другите поради тоа што се нашле во лоша состојба.
Диоген
Колумните објавени на Порталот ИДИВИДИ изразуваат лични мислења и ставови на авторот. Редакцијата на ИДИВИДИ се оградува од истите и во никој случај не се ставови на Порталот како медиум. Одговорноста за изнесеното во текстовите, стилот и начинот на изразување е исклучиво на авторот.