Веган го тужи Бургер кинг поради траги од месо во сендвич

Веган од САД поднесе обвинение против Бургер кинг во врска со производството на веганскиот хамбургер „Impossible Whooper“. Според тужбата, сендвичот бил во допир со оние со месо и тоа претставува измама на потрошувачите.



Филип Вилијамс од сојузната држава Џорџија, е веган кој не јаде и не пие животински производи. Пред федералниот суд во Мајами, Флорида, тој изјави дека нарачал плескавица од зеленчук, при што му било кажано дека хамбургерот се печел на иста скара како и оние од пилешко и говедско месо.

Натаму, тој нагласува дека не би ја нарачал плескавицата ако знаел дека е „загадена“ со траги од месо или печена во контакт со месни производи.

Синџирот за брза храна со седиште во Мајами, на интернет го рекламира својот растителен производ со тврдење дека не содржи говедско месо. Во сендвичот, инаку, има домати, зелена салата, мајонез, кечап, краставици, кромид и семе од сусам. Без мајонез, овој вегетаријански хамбургер би се сметал за вегански.

Во тужбата се тврди и дека Бургер кинг имал финансиска корист од „невеганската понуда“ за веган. Бургер Кинг одби да ја коментира тужбата, но потоа на својата интернет-страница понуди хамбургери без никаков допир со месо.

Компанијата Impossible Foods, која ги произведува плескавиците од зеленчук, во декларацијата вели дека производот не е наменет за вегани или вегетаријанци, туку за љубители на месо кои сакаат да го намалат вносот на протеини од животинско потекло. Тужителот бара отштета од најмалку пет милиони долари.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби