Совети за поевтино реновирање дома

Уредувањето на домот може да биде сложена работа, бидејќи, покрај тоа што одзема многу време, често бара и поголеми финансиски инвестиции.



Порталот „Хоумс енд гарденс“ (Homes and Gardens) има неколку совети за заштеда, од стручни лица. Имено, дизајнерот Џошуа Смит вели дека одредувањето на буџетот е првиот чекор при уредување на домот. Треба да се биде свесен, се вели, колку еден човек очекува и може да плати за секоја подробност, бидејќи тоа ќе помогне да се држите до Вашиот буџет.

Без компромиси во квалитетот

- Кога го уредувате домот, не само што треба да заштедите пари, туку и да внимавате на квалитетот. Но, можно е да се украси домот со скапи, но достапни работи во истовреме, изјави дизајнерката и основачка на компанијата „Урбанолоџи дизајнс“ (Urbanology Designs), Џинџер Кертис.

Во една прилика, вели, таа вложила дури 20 отсто од буџетот за перници, а тоа било затоа што тие би оставиле посебен впечаток во дневната соба што ја украсувала.

Купување трендовски мебел

- Пари може да се заштедат, на пр., и со реставрирање мебел и купување користени теписи коишто се во добра состојба... Не мора да купуваме „тренди-мебел“, бидејќи (трендот) се менува секој ден. Во овој случај, би било подобро да купите класичен мебел, додава Џинџер.

Поголемо внимание на декорацијата

Иако цените на украсите за дом се значително пониски од цените на мебелот, тие исто така, може да чинат премногу пари. Дизајнерката Викторија Холи советува дека занемарувањето на „малите трошоци“ е многу честа грешка што, оти и тие треба да се земат предвид.

- Ако не сте доволно внимателни, буџетот за декорација може да го надмине оној за мебелот, нагласува Холи.

Не избегнувајте користени работи

Може да се заштедат пари и ако понекогаш се купуваат користени нешта. Холи вели дека луѓето, на пр., трошат многу пари за нови книги за да ги наполнат своите полици и да покажат некој „посебен ефект“... Според дизајнерката, тој ефект може да се постигне и со купување постари, а многу поевтини книги.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Дечко видел постара двојка во Мекдоналдс со само еден оброк пред нив и две чаши. Тогаш забележал како мажот полека и внимателно го поделил сендвичот на пола и една половина...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенцијата на дежурните екипи на ЈП Македонија пат....
Верски календар
На денешен ден
69.- На Римскиот форум побунетите преторијанци го...
1535.- Англискиот крал Хенри Осми ја зеде...
1559.- Елизабета Тудор, ќерка на Хенри Осми и...
1582.- Со посредство на папата Григур Осми, кој...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби