Елегантни, моќни, практични – новите премиум електрични возила на MS Energy донесоа нова димензија на урбаното живеење

Познатиот хрватски бренд во светот на електричните велосипеди, тротинети, мопеди и додатоци, MS Energy, ги претстави своите најнови производи во Скопје.

Ексклузивната промоција на новите е-велосипеди и тротинети се одржа во ресторанот Ragusa Rooftop 360, во присуство на претставници на медиумите, партнерите и соработниците на овластениот увозник на MS Energy на нашиот пазар, Паком Компани Скопје.

Сите гости на настанот имаа можност да ги тестираат новите електрични возила со уникатен футуристички дизајн, високо ниво на функционалност и импресивна моќност. Она што лесно може да се забележи е дека покрај елегантниот изглед, сите модели се лесни за возење и одржување, што ги прави практични за секојдневна употреба.



Борис Козиќ, специјалист за е-велосипеди во MS Energy вели дека брендот се фокусира на функционален дизајн во согласност со потребите на современите корисници со воведување напредни решенија и квалитет што ги надминува нивните очекувања.

„Во денешното урбано опкружување мобилноста станува клучен елемент на нашето секојдневие. Новите модели што ги нуди MS Energy имаат футуристички дизајн, различен од сите други е-велосипеди на пазарот, како и високо ниво на иновации и перформанси. Сите наши нови производи се издржливи, удобни и практични за возење по градските улици“ - истакна Козиќ за време на презентацијата на новите модели електрични велосипеди.



Лео Мехичиќ, специјалист за електрични тротинети, ги презентираше новитетите во оваа категорија, нагласувајќи дека новата линија со потписот на брендот MS Energy носи револуција во целиот сегмент на електрични возила.

„Новите MS Energy електрични тротинети се издвојуваат по нивните напредни технички спецификации, вклучувајќи пневматици отпорни на дупчење, софистициран NFC систем за заклучување на еден од моделите, како и паметен BMS систем за продолжено траење на батеријата кај сите модели од новото портфолио. Сето ова ги прави извонреден избор за оние корисници кои бараат безбедно и висококвалитетно превозно средство во урбаните средини“ - нагласи Мехичиќ.



Претставниците на MS Energy на настанот истакнаа дека моменталниот асортиман е поделен во четири главни категории: е-велосипеди, е-тротинети, е-мопеди и додатоци.

Понатамошниот развој на брендот ќе се заснова на следење на потребите на корисниците и трендовите на пазарот, на инвестиции во развој на производи, на проширување на производствените капацитети и континуирано проширување на целните пазари: Хрватска, Јадранскиот регион (Србија, Босна и Херцеговина, Македонија, Црна Гора, Косово) и пазарите во Словенија, Чешка, Словачка, Италија, Унгарија, Полска, Романија, Германија и Австрија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Мажот и го подметнува весникот под нос на жената:
-Прочитај ја оваа статија за рибите, мила.
-Зошто?
-Од нив би можела да научиш како се молчи.
-Прво ти од нив научи како се...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1822.- Во Берлин умре Ернст Теодор Амадаус...
1920.- Градот Хаг, во Холандија, е избран за...
1984.- Во Париз умре Мишел Фуко, прочуен...
1991.- Ден на државноста на Република Словенија.
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби