Дали сакате да сте дел од приказната на средношколци кои се борат со загадениот воздух во нашите заедници?

Дали сакате да сте дел од приказната на средношколци кои се борат со загадениот воздух во нашите заедници?

Тогаш треба да слушнете: Што е #UpShift?



UPSHIFT е програма за социјални иновации која се базира на решавање на потребите на средните училишта и локалната заедница во делот на климатските промени и заштита на животната средина.

Програмата ги вклучува младите во општествените процеси со тоа што им дава водство во поглед на идентификација на проблемите во нивната заедница, и потоа заедно со заедницата создава решенија, услуги или производи со кои се адресираат тие проблеми.

Оваа година програмата се извршуваше во три циклуси каде што во сите се обработуваше темата на загедениот воздух.

Како ти можеш да си дел од мисијата на младите иноватори?

Направи донација по своја мера на платформата на ecrowd.mk (еCrowd - Прва краудфандинг платформа во Македонија за граѓанските организации.)

Поддржи и охрабри ја идната генерација на претприемачи кои ќе ги променат своите заедници на подобро.

За какви цели ќе се користи твојата донација?

Вкупно 10 средношколски тима развиваат иновации за справување со загадениот воздух и имаат желба нивните прототипи да преминат во вистински производи. Сите средства ќе бидат наменети за развивање на целосната идеја на индивидуалните тимови.

Зошто твојата донација прави разлика?

Секоја донација, без разлика на големината, им дава до знаење дека со средношколските тимови стојат опшествено одговорни граѓани кои се исто така подготвени за промена.

Некои од идеите вклучуваат иновации од типот:

● Вертикална ветерница со две намени производство на енергија и прочистување на воздухот.

● Филтер за воздух и сепаратор за отпад за да го подобри квалитетот на воздухот и да спречи затнување.

● 3биоразградлив продукт, изработен од 100% рециклирана хартија, пресадувачки освежувач

● Инсталација на прочистувачи на воздух со HEPA филтри во сите училници.

● Раствор од титан диоксидот под дејство на UV светлината ќе подлежи на фотокаталитички реакции служејќи како филтер против загаден воздух.

● Апликација која служи за маркирање отпад со цел помош на Комуналната служба и подигнување свест.

● Едноставен и ефикасен прочистувач на воздухот користејќи сончева енергија и обновливи/биоразградливи филтри.

● Аерофилтер саксија која има за цел да ги намали емисиите на издувни гасови и бучавата од сообраќајот. Уредот претставува хомогена микропорозна смеса.

Доколку сакаш да дознаеш повеќе за тимовите и за нивните идеи прочитај на ecrowd.mk и одлучи на кои тимови ќе им помогнеш да ја остварат својата цел!

Програмата UPSHIFT ја реализира Здружението Лидери за едукација, активизам и развој (ЛЕАД) во рамки на проектот „UPSHIFT-ers for air quality“ спроведуван од УНИЦЕФ со финансиска поддршка од Шведска и и Фондот за иновации и технолошки развој на РСМ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Мажот и го подметнува весникот под нос на жената:
-Прочитај ја оваа статија за рибите, мила.
-Зошто?
-Од нив би можела да научиш како се молчи.
-Прво ти од нив научи како се...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1822.- Во Берлин умре Ернст Теодор Амадаус...
1920.- Градот Хаг, во Холандија, е избран за...
1984.- Во Париз умре Мишел Фуко, прочуен...
1991.- Ден на државноста на Република Словенија.
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби