Редок случај: Родени слончиња-близнаци во Тајланд

Азиска слоница чувана во средишен Тајланд, роди близнаци - машко и женско младенче. Вработените тоа го опишуваат како чудо, бидејќи важи за прилично редок случај, пренесуваат тамошните медиуми.



Чамчури - 36-годишната слоница, се чини, и самата се изненадила, бидејќи по второто раѓање, вработените во фармата морале да ја спречуваат мајката да не го згази женското младенче, откако слоницата ја фатило паника и повредила една негувателка. Близнаците се случуваат само кај еден отсто од овие слонови, според истражувачката организација „Спасете ги слоновите“, а машко-женските близнаци се уште поредок случај.

Со тежина од 55 килограми, женското слонче е малку помало од вообичаеното и мора да стои на помошен стол додека се храни од својата мајка. Нејзиниот брат со 60 килограми е потежок.

- Отсекогаш сме сакале да видиме слончиња-близнаци, но не секој може да го види ова, бидејќи не се случува често, изјави ветеринарката Лардтонгтаре Мипан, која пораснала на оваа фарма за слонови и самата е мајка на близнаци.

Слонот е национално животно на Тајланд и се смета за свето животно, според будистичкото верувања. Тајланѓаните уште во древноста имале свештено-блиска поврзаност со слоновите, поради нивната употреба како воени животни на бојното поле, за пренос на земјоделски производи, исечени трупци од шумата и друг товар.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Мажот и го подметнува весникот под нос на жената:
-Прочитај ја оваа статија за рибите, мила.
-Зошто?
-Од нив би можела да научиш како се молчи.
-Прво ти од нив научи како се...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1822.- Во Берлин умре Ернст Теодор Амадаус...
1920.- Градот Хаг, во Холандија, е избран за...
1984.- Во Париз умре Мишел Фуко, прочуен...
1991.- Ден на државноста на Република Словенија.
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби