Во првата епизода од поткасот Стартап Револуција, Горјан Јовановски за прв пат открива како од пракса на креативен начин се изборил да добие понуда за работа во една од највлијателните компании во стартап светот The Next Web, но истовремено добива и понуда за работа во Booking.
Ексклузивно од Стартап Клуб Скопје споделуваат краток инсерт од приватната галерија на Горјан и видеото кое го снимил и испратил на Snapchat до главниот извршен директор на компанијата.
Boris Veldhuijzen CEO и основач The Next Web бил фасциниран од неговиот пристап, храброст и креативности и веднаш му понудил вработување и покрај тоа што претходно бил одбиен за работната позиција.
Видеото веќе брои над 25 000 прегледи на социјалните мрежи, додека целата епизода од поткастот Стартап Револуција може да ја погледнете во прилог.